Important Announcement
PubHTML5 Scheduled Server Maintenance on (GMT) Sunday, June 26th, 2:00 am - 8:00 am.
PubHTML5 site will be inoperative during the times indicated!

Home Explore ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ-ОХРИД

ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ-ОХРИД

Published by galicon, 2020-06-04 11:34:16

Description: Милчо Георгиевски 1999

Search

Read the Text Version

97

98 41. Богородица со Христос - Пантонхара, 1844 година. Автор: Дичо Зограф од с. Тресонче. Од црквата Св. Јован Богослов-Канео во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 57 х 41 х 4 см. Инв. бр. 106 Богородица е претставена како царица со малиот Христос кој седи на нејзината лева рака. Облечена е во пурпурнорозов мафорион, украсен со врежани, златни флорални орнаменти. Хитонот ѝ е зелен, орнаментиран како и мафорионот и украсен со две златни, прекрстени ленти со флорална декорација. На главата има златна круна, во десната рака има жезол, а во левата држи палмино гранче. Христос е облечен како Голем Архиереј, во златно-портокалова облека, украсена со цветни орнаменти и златни ленти. Во десната рака држи сфера, во левата жезол, а на главата има златна митра. Инкарнатот е светол, со благи премини во сивкаво-кафеави сенки и осветлени партии, со лазурно нанесено црвенило на образите. Ореолите се златни, со изгравирани цветни орнаменти. Лево и десно од Богородица, врз темносиви облаци, клечат архангелите Михаил и Гаврил, облечени во зелен, односно, црвен хитон и црвен и зелен химатион. Крилјата им се сиво-кафеави, со исцртани светли пердуви. Со по едната рака држат отворен свиток со натпис на грчки и црковнословенски јазик од Акатистот на Богородица во кој таа се слави како процветана роза. Во другите раце имаат отворени свитоци. И нивните ореоли се златни. Заднината на иконата зад Богородица е златна во горниот дел, а подолу е тиркизносина, со насликани облаци и цветови. Под претставата на Богородица со Христос има фриз од стоечки фигури на светители, претставени во тричетвртински став, врз зеленикав фон. Од лево надесно се насликани: св. Георгиј, св. Димитриј, св. Јован Крстител, св. Климент, св. Никола, св. Атанасиј и св. Георгиј Кратовски со фес. Легендите на Богородица: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ се изгравирани на златната заднина на иконата, додека атрибутот ПΑΝΤΟΝΧ(ΑΡ)Α и другите натписи се црни. Иконата има двојна, сликана, темноцрвена и црна рамка, на чиј долен дел има натпис со името на зографот Дичо од село Тресонче како и годината на сликање на иконата - 1844. И з л о ж б и: Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Балабанов К., По повод сто години од смртта на Дичо Крстев Зограф од село Тресанче, Музејски гласник, 2, Скопје, 1973, 10; Грозданов. Ц., Непознати и малку познати портрети на словенските учители во уметноста на XIX век, Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990, 181-182, сл. 81; Алексиев Е., Дичо Зограф, иконопис, Скопје, 1997, 6;

99

100 42. Св. Марина, прва половина на XIV век. Од црквата Св. Врачи Мали во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 89 х 34,5 х 3 см. Инв. бр. 158 Светителката е претставена во цел раст, благо наведната на левата страна. Десната рака ѝ е високо подигната и во неа држи чекан со кој замавнува на ѓаволот што го држи со левата рака. Облечена е во син хитон чии набори се изведени со црна и сива боја, а на ракавите и околу вратот има златни ленти со украси. Околу половината има златен појас, шрафиран со црвени и бели линии. Мафорионот е тониран со цинобер, а од внатрешната страна е темноцрвен. На главата, под мафорионот има сина грчка капа со сиви украси. Обувките ѝ се црвени. Фантастичната фигура на ѓаволот што светителката ја држи за косата, е тонирана со темносива боја со светли партии. Отворената муцка, во која има два реда заби и долг, црвен јазик, е издолжена, а носот е во вид на сурла и извиен нагоре. Над зашилените уши има кафеаво-сиви рогови, а на задната страна на телото кратка опашка. Околу вратот има синџир со златна боја, со кој му се врзани и рацете и нозете. Заднината на иконата е дводелна-во поголемиот дел е златна, а долу е бледосина, шрафирана со сиви хоризонтални линии. Ореолот на св. Марина е втиснат во златната заднина во вид на круг од точки и цветни украси, а во поново време е поставен нов, изработен од сребрен лим и украсен со цветна орнаментика. Натписот: Η ΑΓΙΑ ΜΑΡΗΝΑ е црвен како и бордурата по рабовите на иконата. И з л о ж б и: Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Библиографија: Досега не е публикувана.

101

102

103 РЕЧНИК апостол пратеник, оној кој шири некакво учење; апостоли се учениците на апсида Исус Христос кои тој ги избрал и ги испратил да го шират архангел христијанството. архиепископ во сакралната архитектура тоа е полукружен дел на црквата што архиереј се наоѓа на источната страна. балдахин болус Божји служител, гласник, преносител или извршител на неговата волута волја на земјата, меѓу луѓето; архангелите се јавуваат во видлив, Голгота човечки облик и се индивидуализирани со лични имиња кои далматика воедно ги објаснуваат и нивните функции во небесната хиерархија; Деисиз ги има седум : Михаил, Гаврил, Рафаел, Уриел, Барахиел или Малтиел, Јехудиел или Јофиел и Сеалтиел или Зеадкиел. диецеза ѓакон прв владика; митрополит; првосвештеник. ѓаконикон владика, врховен свештеник. евангелие покривач на столбови над престол или кревет, направен од скапоцен материјал; “небо” кое стои пред олтарот и се носи на литии. лемноска земја, кафеав или црвен мрсен глинен силикат, кој се употребува како боја или подлога за позлатување икони. украс на капителите на столбовите во вид на спирала. “черепиште”; брдо кај Ерусалим на кое бил распнат Христос и каде што биле извршувани смртни казни воопшто. долга, горна литургиска облека со долги ракави, украсена со вез. “молитва”; симетрична композиција кај која што во средината е претставен Христос, десно и лево од него се Богородица и св. Јован Крстител, кои, со подигнати раце и наведнати глави, молитвено му се обраќаат. господарство, управа, уредување; денес се употребува само во црковната управа и во православната црква значи владиштво, епископија. слуга, служител, црковен слуга и помошник при богослужбата; најнизок, почетен свештенички чин во православната црква (не може сам да обавува богослужба, туку само му помага на свештеникот), помошен свештеник. простор во јужниот дел од олтарот каде што се чуваат одежди, книги и други предмети потребни за богослужбата. радосна вест, добра вест која во христијанското учење го прикажува Исус Христос како ветен месија и спасител на човечкиот род; Новиот завет или објавувањето на спасението;

евангелист 104 Епискепсис опис на животот, делата и страдањата Христови. епитрахил оној што го објавува спасението, оној што ги опишува животот, ереј делата и страдањата на Исус Христос; постојат четворица еромонах евангелисти: Матеј, Марко, Лука и Јован, автори на т. н. зограф канонски евангелија, односно оние кои црквата ги прифаќа како икона автентични и верни, за разлика од големиот број апокрифни кои црквата не ги признава. иконостас капител “надгледничка, заштитничка”; византиски тип на Богородица, кој катедрала настанал врз основа на култот на нејзиниот мафорион. клавус контрапост богато украсен дел од одеждата на православните свештеници, конха кој се носи околу вратот и стои под главната горна облека, ктитор стихарот. лабарум литија свештеник литургист монах кој може да ги врши сите свештенички должности како и мандорла обичниот свештеник. мафорион живописец, сликар на фрески и икони. “слика, лик”, претстава, симбол ; света слика на Исус Христос, Богородица, светители или настани од христијанската историја, изведена во различни техники. преграда помеѓу олтарот и наосот на црквата на која, според одреден ред се поставени икони. најгорниот, обично украсен, дел на столбот во архитектурата. главна, соборна црква. еднобојна или украсена лента што се носи на хитонот. ритмичка рамнотежа на деловите на телото кои се наоѓаат во различни движења. свод кој има форма на школка, полукупола; полукружно испупчување на градбата, апсида. основач на црква или манастир, нивен заштитник и голем дарител. црковен четириаголен бајрак за опход од скапоцен материјал со слика на Распетието или на некој светител. процесија на верниците со свештенството и црковни бајраци и икони, како манифестација на побожност на Големите празници (Велигден, Спасовден, Водици и др); иконите кои се носат во овие поворки се нарекуваат литиски икони и се често сликани од двете страни. архиереј кој учествува во богослужбата, литургијата. сијание во кружна форма или во облик на бадем што ја опфаќа целата фигура на Исус Христос. ориентална женска наметка од текстил која ја покрива главата и рамениците.

105 метох земјоделска населба на некој манастир во кој живееле само монаси и ја обработувале земјата; манастир кој ктиторите го приложувале митра на некој поголем манастир и го подложувале на негова управа; набедреник имот на некој манастир кој е оддалечен од него. наос нартекс литургиска капа, круна на православните епископи што е симбол на Одигитрија нивната власт; може да биде опточена со скапоцени камења, извезена или сосем неукрасена. олтар омофор дел од одеждата на првосвештениците, богато извезено парче ткаенина во форма на ромб, обесено преку десното бедро, со ореол симболика на духовно оружје против ереста. Пантократор Пантонхара главниот простор во внатрешноста на црквата, во кој стојат параклис верните. Перивлепта перизома предворје, припрата во црквите каде што стојат катихумени, Психосостис покајници, каде што се крштева итн., и од каде што се влегува во Психосострија наосот. “водителка на патот”, тоа е византиски тип на Богородица со Христос; називот го добила според изворната икона (што му се припишува на апостолот Лука), а се наоѓала во цариградската црква на Одегон, на “Патот на водичите” (професионални придружници на патници и карвани). Подоцна се развила легенда дека на слепите им го вратила видот и станала “Водителка на патот”. најсветиот дел од храмот каде што се врши главниот дел од богослужбата, каде што се свршуваат светите тајни, евхаристијата. исклучително архиерејско обележје и најважен дел од литургиската одежда на архиереите; долга бела лента со крстови, префрлена околу вратот, која со својот облик и материја укажува дека епископот го продолжува служењето на Спасителот на земјата. светлосен диск околу главата на Исус Христос, Богородица, ангелите и светителите; го имаат само оние личности што се канонизирани и чија светост и култ се потврдени. “севладетел”; приказ на Исус Христос како седржител, семоќен творец на светот, господар на вселената. “највозвишена”; атрибут на Богородица. црквичка, капела во која не се служи литургија; може да биде јавна или приватна, манастирска или гробјанска; може да биде одделна градба или при поголема црква, со посебен олтар. “која гледа насекаде”; епитет на Богородица; овој назив доаѓа од името на манастирот Перивлептос, кој бил подигнат во Царирад во XI век. едноставно парче ткаенина, обвиено и врзано околу колковите. “душоспасител”; епитет на Исус Христос, кој е познат уште во XII век. “душоспасителка”; епитет на Богородица што се поврзува со матичниот манастир на култот на оваа икона, со црквата Св.

путир 106 референдар Богородица Психосострија која се наоѓала во цариградскиот кварт Гел. севастократор богослужбен сад; златна или сребрена чаша во која се осветува стихар вино разблажено со вода и со кое се причестуваат верните. торзо црковен чиновник кој посредувал во црковните работи помеѓу црковната и световната власт. фелон возвишен, царски; чин во старата српска војска-заповедник на еден хагиографија дел од војската. хетеријарх химатион одежда на свештениците која го покрива целото тело, од вратот хитон додолу. хламида горниот дел на човечкото тело: рамениците, градниот кош и царски двери слабините, без главата и рацете. најважна свештеничка богослужбена одежда која ги покрива сите други одежди и воедно ги заштитува. житие, животопис на христијанските светители. намесник. горен дел од облеката, наметка. долна облека, со или без ракави, која се носи на голо тело и се препашува со појас, а преку неа се носи химатионот. кратка, војничка наметка. централна, двокрилна врата на иконостасот.



107 Библиографија: Алексиев Е., Дичо Зограф, иконопис, Скопје, 1997. Ангеличин-Жура Г., Приказ на охридски икони од поствизантиски период, Културно наследство XII-XIII, Скопје, 1988. Антољак С., Средновековна Македонија, том I, Скопје, 1985. Babić G., Ikone, Zagreb, 1980. Балабанов К., Новооткриени икони од XIII, XIV и XV век, Разгледи I, Скопје, 1959. Балабанов К., Нови податоци за црквата Св. Никола Болнички во Охрид, Културно наследство II, Скопје , 1961. Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965. Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967. Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969. Балабанов К., По повод сто години од смртта на Дичо Крстев Зограф од село Тресанче, Музејски гласник, 2, Скопје, 1973. Балабанов К., Какви податоци дава иконата св. Ѓорѓи, работена во 1267 година од зографот Јован за истоимената црква во Струга, за творештвото на зографот Јован, за личноста на ктиторот и времето на постанокот на градот Струга, Музејски гласник 3, Скопје, 1974. Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983. Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986. Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987. Балабанов К., Иконите во Македонија, Скопје, 1995. Баришић Ф., Два грчка натписа из Манастира и Струге, Зборник радова Византолошког института VIII-2, Београд, 1964. Beckwith J., Early Christian and Byzantine Art, London, 1979. Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957. Блажић З., Конзервација икона у Македонији, Зборник заштите споменика културе II, Београд, 1952. Вајцман К., Алибегашвили Г., Вољскаја А., Бабић Г., Хаџидакис М., Алпатов М., Воинеску Т., Иконе, Београд, 1983. Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975. Грозданов Ц., О портретима Климента Охридског у охридском живопису XIV века, Зборник за ликовне уметности , 4, Нови Сад 1968. Грозданов Ц., Охридското ѕидно сликарство од XIV век, Охрид, 1980. Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX - XVIII век, Скопје, 1983. Грозданов Ц., Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990. Грозданов Ц., Свети Наум Охридски, Скопје, 1995. Димевски С., Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989. Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиjе, Београд, 1961. Ђурић Ј. В., Црква Св. Софије у Охриду, Београд, 1963. Ђурић Ј. В., Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974.

108 Иванов Й., Бьлгарски старини изь Македония, София, 1937 Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943. Коцо Д., Надгробната плоча на Климент Охридски, Материјали од научен собир 1986 по повод 1100 годишнината од доаѓањето на Климент во Охрид,, МАНУ, Скопје, 1989. Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909. Lazarev V., Storia della pittura bizantina, Тоrinо, 1967. Љубинковиќ Р. - Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборник на трудови на Народниот музеј во Охрид, Охрид, 1951. Љубинковић Р., Црква Светог Вазнесења у селу Лесковецу код Охрида, Старинар, Нова серија, Књига II, Београд, 1951. Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952 Машниќ М., Дела од раната фаза од творештвото на Михаил Анагност и син му Димитар-Даниил, Зборник на Музејот на Македонија, Нова серија бр. 2, средновековна уметност, Скопје, 1996. Машниќ М., Јован Зограф и неговата уметничка активност-досегашни и најнови сознанија, Културно наследство XXII- XXIII, Скопје, 1997. Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959. Мацан Е., Македонскиот иконопис во XIX век - хронологија и стилски развиток, Културно наследство II, Скопје, 1961. Мазалић Ђ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939. Милошевић Д., Једна Охридска икона у Народном музеју, Зборник радова Народног музеја I-1956/57, Београд, 1958. Николовски А., Уметноста на XIX век во Македонија, Културно наследство IX, Скопје, 1984. Николовски А., Иконописот во црквата и параклисот на манастирот Света Пречиста, Света Пречиста Кичевска, Скопје, 1990. Острогорски Г., Историја на Византија, Скопје, 1992. Панов Б., Охрид во крајот на XI и почетокот на XII век во светлината на писмата на Теофилакт Охридски, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија, посветен на Димче Коцо, книга VI-VII, Скопје, 1975. Панов Б., Средновековна Македонија, том III, Скопје, 1985. Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско- конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954. Миљковиќ-Пепек П., Пишуваните податоци за зографите Михаил Астрапа и Еутихиј и за некои нивни соработници, Гласник на Институтот за Национална историја, Скопје, 1960. Миљковиќ-Пепек П., Материјали за македонската средновековна уметност I, Фреските во светилиштето на црквата Св. Софија во Охрид, Зборник на археолошкиот музеј I, Скопје, 1956. Миљковиќ-Пепек П., Икона Успења Богородице из цркве Св.Николе-Геракомија у Охриду, Зборник радова Византолошког института LIX, Београд, 1958. Миљковиќ-Пепек П., Денешните можности за одредување на авторите на фреските во главната манастирска црква на Хиландар, Гласник на Институтот за национална историја 2-3, Скопје, 1966. Miljković Pepek P., Une icône de la communion des apótres, Χαριστηριον εις Αναστασιον Κ. Κρλανδου, Αθηνα, 1966. Миљковиќ-Пепек П., Црквата Св. Јован Богослов-Канео, Културно наследство III, Скопје, 1971. Миљковиќ-Пепек П., Делото на зографите Михаило и Еутихиј, Скопје, 1967. Miljković-Pepek P., L'evolution des maétres Michel Astrapas et Eutychios comme peintres d'icones, Jahrbuch der Österreichischen Byzantinischen Gesellschaft XVI, Graz-Wien-Köln, 1967.

109 Миљковиќ-Пепек П., О датирању фресака охридске цркве Св. Николе Болничког, Зборник Светозара Радојчића, Београд, 1969. Miljković-Pepek P., L’icone de Saint Georges de Struga, Cahiers Archeologiques XIX, Paris, 1969 Miljković-Pepek P., L’icone de la Vierge Episkepsis d’Ohrid, Културно наследство III, Скопје, 1971. Миљковиќ-Пепек П., Материјали за македонската средновековна уметност III, Фреските во наосот и нартексот на црквата Св. Софија во Охрид, Културно наследство III, Скопје, 1971. Миљковиќ-Пепек П., Проучувањата на неколку новооткриени икони кои значително ја збогатуваат македонската колекција, Културно наследство IV, Скопје, 1972. Miljković-Pepek P., Deux icons nouvellement découvertes en Macédoine, Jahrbuch der Österreichichen Byzantichen Gesellschaft, XXI, Wien, 1972 Миљковиќ-Пепек П., За најстарата икона во македонската колекција, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија посветен на Димче Коцо, книга VI-VII, Скопје, 1975. Миљковиќ-Пепек П., Водоча,Скопје, 1975. Миљковиќ-Пепек П., Фреските и иконите од X и XI век во Македонија (во периодот на Самоила и по него), Културно наследство VI, Скопје, 1975. Миљковиќ-Пепек П., Прилог кон сознанијата за солунското потекло на сликарската фамилија Астрапа и за можното поистоветување на зографот Михаило Астрапа со Панселинос, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, 1979/80. Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984. Miljković Pepek P., La peinture murale chez les slaves macedoniens depuis le IXе jusqu'a la fin du XIIе siècle, XXXIII corso di cultura sull’arte ravennate e bizantina, Ravenna, 1986. Miljković Pepek P., La Collection Macedonienne d’icônes du XIe au commencement du XVe siècle, estratto da XXXIII corso di cultura sull’arte ravennate e bizantina, Ravenna, 1986. Миљковиќ-Пепек П., Црквата Мали Св. Врачи во Охрид, Културно наследство XIX-XX-XXI, Скопје, 1996. Попова Е., За авторството на иконата св. Марина с житие в Галерията на икони-Охрид, Проблеми на изкуството 3, БАН, София, 1998. Радојковић Б., Старо српско златарство, Београд, 1962. Радојковић Б., Метал средњовековни, Историја примењене уметности код срба, I том, Средњовековна Србија, Београд, 1977. Радојчић С., Мајстори старог српског сликарства, Београд, 1955. Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962. Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971. Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975. Снегаровъ И., История на Охридската архиепископия I-II, София, 1924. Снегаровъ И., Градь Охрид, София, 1943. Стојановски А., Катарџиев И., Зографски Д., Апостолски М., Историја на македонскиот народ, Скопје, 1972. Суботић Г., Време настанка цркве Св. Николе Болничког у Охриду, Зограф, 3 Београд, 1969. Суботић Г., Свети Константин и Јелена у Охриду, Београд, 1971 Tasić D., Vizantijsko slikarstvo Srbije i Makedonije, Beograd, 1967.

110 Татић-Ђурић М., Средњовековна уметност у Србији, Београд, 1969. Татић-Ђурић М., Охридска Богородица Утешитељка, Зборник Народног музеја XIII-2, Београд, 1987. Томоски Т., Охрид до крајот на XIV век, Зборник на трудови на Народниот музеј во Охрид, Охрид, 1951. Тричковска Ј., Живописот во манастирската црква Богородица Пречиста-Кичевска, Света Пречиста Кичевска, Скопје, 1990. Тричковска Ј., Западњачки утицаји на црквено сликарство у Македонији преко зографа Михајла и Димитра из Самарине, Зборник радова Западноевропски барок и византијски свет, Београд, 1991. Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953. Ćorović-Ljubinković M., Umetnost ikon, Razstava ikon, Ljubljana, 1963. Ћoровић-Љубинковић М., Средњовековна уметност у Србији, Београд, 1969. Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971. Филовъ Б., Старобьлгарско изкуство, София, 1931. Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972.

CIP – Каталогизација во публикација при Градска Библиотека “Григор Прличев”, Охрид 7.04(497.7) (085) ГЕОРГИЕВСКИ, Милчо Галерија на икони-Охрид/Милчо Георгиевски.- Охрид: Завод за заштита на спомениците на кул- турата и Народен музеј-Охрид, 1999.-111 стр.: илу- стр.; 30 см ISBN 9989-9993-I-7 Според мислењето на Министерството за култура бр. 07-1004/2 од 09.02. 1999 година, на изданието се плаќа повластена даночна стапка.

2 ISBN-9989-9993-I-7


Like this book? You can publish your book online for free in a few minutes!
Create your own flipbook