Important Announcement
PubHTML5 Scheduled Server Maintenance on (GMT) Sunday, June 26th, 2:00 am - 8:00 am.
PubHTML5 site will be inoperative during the times indicated!

Home Explore ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ-ОХРИД

ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ-ОХРИД

Published by galicon, 2020-06-04 11:34:16

Description: Милчо Георгиевски 1999

Search

Read the Text Version

47

48 16. Богородица Перивлепта, почеток на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Воведението на Богородица). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 85 х 67 х 3 см. Оков од позлатено сребро. Инв. бр. 4 Основни стилски одлики на оваа икона се префинетиот и продлабочен израз на ликот на Богородица и изразениот линеаризам на цртежот. Фигурата на Богородица е претставена допојасно, со малиот Христос кого го придржува со левата рака. Неодредениот поглед на замислените, скоро плачни очи, ја изразува сета нејзина тага за судбината на саканиот син. Облечена е во темновиолетов мафорион со темни партии од печена сиена, чии рабови се украсени со златни ленти и реси. Христос седи во мајчиното крило, облечен во облека тонирана со темен окер, богато шрафирана со злато. Во левата рака држи затворен свиток, а со десната благословува додека погледот му е фиксиран на мајката која го придржува со левата рака. Светлокафеавата коса му е благо кадрава. Инкарнатот е моделиран со топол окер, со жолтеникави партии на осветлените места и маслинестокафеави сенки. Пластичноста на ликовите е нагласена со бели акценти во вид на тенки цртички. Сребрениот оков што ја покрива заднината на иконата е богато орнаментиран со флорални орнаменти во вид на лозичка која е испреплетена, формирајќи прстени кои во себе затвораат стилизирани листови од акантус. Вака добиениот орнамент е различен и не се повторува во две соседни полиња. Оковот се состои од неколку поголеми парчиња сребрен лим кои се вешто составени во една целина. Натписите: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ +Η ΠΕΡΙΒΛΕΠΤΟϹ и Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ се изведени на оковот во медалјони и хоризонтални правоаголни полиња. Заднината под оковот воопшто не е обработена бидејќи уште при самото сликање иконата била подготвена за оков. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 255-257; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 84, 88; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 121-122; Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953, Pl. 3, 6; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22-23, Pl. XIV; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 29-32; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 75-76; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 8, т. X; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 14, t. 14; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVII, сл. 30; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LXII, XC-XCII, sl. 171; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 11, 37, Pl. XVIII; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 24, sl. 28; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 109, 127, sl. 49; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 198-199, кат. 27;

49

50 17. Богородица Психосострија, почеток на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Благовештението). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 93 х 68 х 4 см. Оков од позлатено сребро со втиснат емајл. Инв. бр. 10 Фигурата на Богородица е претставена допојасно со малиот Христос на левата рака. Облечена е во темновиолетов мафорион порабен со окерна лента, украсена со злато и златни реси на десното рамо. На главата, под мафорионот, има сива грчка капа. Десниот ракав од хитонот, кој се гледа под мафорионот, е темнозелен со окерни ленти, украсени исто така со злато. Изразот на лицето на Богородица е сериозен, дури и по малку строг, со темни веѓи и крупни очи. Христос е насликан во вообичаената поза-со десната рака благословува, а во левата држи затворен свиток. Облеката му е тонирана со окер и богато шрафирана со златни и црвени линии, а на рамениците има син клавус. Неговата детска глава е покриена со светла, црвеникава кадрава коса. Во горните агли на иконата се насликани мали бисти на двајцата архангели-лево е Михаил, облечен во црвен стихар, а десно Гаврил во син. Крилјата им се обработени со темноцрвена боја. Инкарнатот на сите насликани личности е моделиран со топол окерен тон, со маслинестозелени сенки и осветлени партии, потенцирани со бели цртички. На иконата се сликани само фигурите на светителите додека заднината е оставена бела и е покриена со богато украсен сребрен оков на кој, покрај геометриските и флоралните орнаменти има стилизирани розети и минуциозно изработени релјефни бисти на пророци и други светители. Легендите: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ Η ΨΥΧΟ ϹΩ(ϹΤ)ΡΙΑ и Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ се изведени на оковот во медалјони и правоаголни, хоризонтални полиња. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 253-255; Филовъ Б., Старобьлгарско изкуство, София, 1931, 57, т. XXI; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 81-82; Мазалић Ѣ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939, 126; Снегаровъ И., Градь Охрид, София, 1943, 27, 35; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 121-122; Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953, Pl. 2; Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952, 78-79; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 20-21, т. XXX-XXXI; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 23-29, t. VI-VII; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 68-70; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 14, т. XVII-XXI; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XI; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 8, 19, Pl. VII-VIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVI, сл. 24, 26-27; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 287 a, b; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 287 a, b; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd- Sofija, 1972, LXII, LXXXIX, sl. 159; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 13, 38-39, Pl. XX-XXII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 65-67; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 22, sl. 17-18; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 108- 109, sl. 47-48, 52; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 185; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 13, 16 а-b, t. 16 a-b; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 191-193, кат. 16-17;

51

52 18. Благовештение, почеток на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Богородица Психосострија). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 93 х 68 х 4 см. Инв. бр. 10 Во сцената се претставени само две личности-десно Богородица, која седи на престол под балдахин и лево, архангелот Гаврил кој ѝ пристапува. Богородица достоинствено седи на тронот, како царица, и преде пурпур. Десната рака ѝ е подигната, а во левата го држи вретеното. Облечена е во темнозелен хитон и темновиолетов мафорион, опшиен со златни ленти. На главата, под мафорионот, има светла, зеленикаво-сина грчка капа. На нозете има царски обувки кои се пурпурни по боја, како и перницата на која седи и украсната драперија врз балдахинот. Архангелот има на себе светол, сивкаво-син хитон и сивкаво-розикав химатион, со темносин клавус на ракавот. Крилјата, од кои десното е подигнато и е во височина на балдахинот, се со темнокафеава основа, а пердувите се изведени со сивкаво-сина, бела и златна боја. На нозете има сандали, а стои врз подиум, обоен со сивкаво-сини тонови. Инкарнатот на двете фигури е ист-зелен болус со лазурен окер. Раскошно изведениот балдахин, со два столба на чии капители клечат атланти, обоен е во светлосиво и окер и ишаран со злато. Архитектурата што е насликана зад архангелот е изведена во виолетови, сиви и маслинести тонови со бели, осветлени партии. Пред фигурите е насликан мал, сивомаслинест извор. Ореолите и заднината на иконата се златни, а натписите: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ, Ο (ΑΡ)Χ<ΑΓΓΕΛΟϹ> ΓΑΒΡΙΗΛ и Ο ΧΑΙΡΕΤΙϹΜΟϹ се испишани со цинобер. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 253-255; Филовъ Б., Старобьлгарско изкуство, София, 1931, 57, т. XXI; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 81-82; Мазалић Ѣ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939, 126; Снегаровъ И., Градь Охрид, София, 1943, 27, 35; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 121-122; Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953, Pl. 2; Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952, 78-79; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 20-21, т. XXX-XXXI; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 23-29, t. VI-VII; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 68-70; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 14, т. XVII-XXI; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XI; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 8, 19, Pl. VII-VIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVI, сл. 24, 26-27; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 287 a, b; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 287 a, b; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd- Sofija, 1972, LXII, LXXXIX, sl. 159; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 13, 38-39, Pl. XX-XXII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 65-67; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 22, sl. 17-18; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 108- 109, sl. 47-48, 52; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 185; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 13, 16 а-b, t. 16 a-b; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 191-193, кат. 16-17;.

53

54 19. Исус Христос-Психосостис, почеток на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Распетието Христово). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 93 х 68 х 4 см. Оков од позлатено сребро со втиснат емајл. Инв. бр. 11 Допојасната фигура на Спасителот е претставена во фронтална поза. Со десната рака благословува, додека во левата држи затворено евангелие. Корицата на книгата е тонирана со окер и богато украсена со злато и црвени и зелени скапоцени камења, а работ на листовите е црвен. Христос е облечен во пурпурновиолетов хитон со златен клавус на десното рамо и синкаво-зелен химатион. Ликот му е аскетски, сериозен, со остар, скоро лут, поглед. Моделацијата на инкарнатот е изведена со топол, окерен тон, со зеленомаслинести сенки и светли партии со бели акценти. На иконата е сликана само фигурата на Христос, додека заднината е оставена бела и е покриена со раскошно украсен сребрен оков, со минуциозно изведена геометриска и флорална орнаментика. Ореолот околу Христовата глава е исто така направен од сребрен лим и на него се изведени четири силно стилизирани розети, а помали розети има и во краците на крстот, кој е впишан во ореолот. На оковот на рамката на иконата исто така има розети, како и шест сочувани релјефни бисти на апостоли. Во горните агли на иконата, во два медалјони на оковот се изведени иницијалите Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ, под кои во две вертикални, правоаголни полиња е натписот: Ο ΨΥΧΟϹΩ(ϹΤΗ)Ϲ. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 253-255; Филовъ Б., Старобьлгарско изкуство, София, 1931, 57, т. XX; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 81-82; Мазалић Ѣ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939, 126; Снегаровъ И., Градь Охрид, София, 1943, 27, 33; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 121-122; Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953, Pl. 2; Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952, 78-79; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 8, 23-28, t. VI-VII; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 68-70; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 15, т. XII-XV; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 23-29, t. VI-VII; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 68-70; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 15, т. XXII-XXV; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XI; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 9, 19, Pl. IX; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 6, t. 6; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVI, сл. 21; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 287 a, b; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 287 a, b; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LXII, XCI, sl. 179; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 12, 38, Pl. XX-XXII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 65-67; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 22, sl. 19-20; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 108-109, sl. 50; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 185; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 193-194, кат. 18-19;

55

56 20. Распетие Христово, почеток на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Исус Христос Психосостис). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 93 х 68 х 4 см. Инв. бр. 11 Во средината на сцената доминира големиот темнокафеав, скоро црн крст, кој е забоден во стена, обоена во окер со сиво-бели осветлувања и во чија шуплина се наоѓа Адамовиот череп. Распнатиот Христос, чие торзо е благо извиено, има околу половината завиена перизома, тонирана со окер и розова боја. Неговата глава, со кадрава, скоро црна коса и мирен израз на лицето, благо е навалена на десното рамо.Од раните на рацете и нозете му капе крв. Целата фигура е сликана во сивкаво-зеленикави и маслинестоокерни тонови. Лево и десно од крстот се претставени Богородица, односно, апостолот Јован кои, наспроти мирното, речиси безизразно лице на Христос, се претставени со израз на болка што се манифестира преку нивните лица и гестови. Богородица е во темносин мафорион, украсен со злато и темнозелен хитон, а на нозете има црвени обувки. Св. Јован е облечен во синозелен хитон и окерен химатион. Косата му е темнокафеава, кратка и кадрава. Инкарнатот на Богородица и св. Јован е изведен во топли окерни тонови, со сивомаслинести сенки, а на образите има лазурно нанесено црвенило. Во горните агли се насликани два ангели во лет, облечени во сива облека. Зад фигурите, во втор план, е насликан орнаментиран ѕид, сиот во зелени тонови, а пред него има мали грмушки и едно мало дрво зад апостолот. Ореолите се само изгравирани на златната заднина на која со цинобер се испишани легендите: Η (ϹΤ)(ΑΥ)ΡΩϹΙϹ, M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ и Ο Α[ΓΙΟϹ] ΙΩ(ΑΝΝΗϹ) Θ[Ε]ΟΛΟ[ΓΟϹ] додека на крстот со злато се испишани натписите: Ο ΒΑϹΙΛ[ΕΥϹ] (ΤΗ)Ϲ ΔΟΞ[ΗϹ], на штичката на крстот и Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ, на неговиот попречен крак. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 253-255; Филовъ Б., Старобьлгарско изкуство, София, 1931, 57, т. XX; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 81-82; Мазалић Ѣ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939, 126; Снегаровъ И., Градь Охрид, София, 1943, 27, 33; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 121-122; Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953, Pl. 2; Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952, 78-79; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 8, 23-28, t. VI-VII; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 68-70; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 15, т. XII-XV; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 23-29, t. VI-VII; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 68-70; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 15, т. XXII-XXV; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XI; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 9, 19, Pl. IX; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 6, t. 6; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVI, сл. 21; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 287 a, b; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 287 a, b; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LXII, XCI, sl. 179; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 12, 38, Pl. XX-XXII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 65-67; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 22, sl. 19-20; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 108-109, sl. 50; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 185; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 193-194, кат. 18-19;

57

58 21. Богородица Епискепсис, почеток на XIV век. Од црквата Св. Врачи Мали во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 103 х 52,5 х 3,5 см. Инв. бр. 84 На оваа икона Богородица е претставена како млада, убава жена со смирен, но истовремено и замислен поглед. Насликана е во цел раст (иако иконата е нешто скратена во долниот дел, така што недостасуваат стапалата), со малиот Христос кого го држи во десната рака. Главата ѝ е благо наведната кон Христос, чија глава и поглед пак, се подигнати накај мајката. Облечена е во темнозелен хитон, порабен со злато и мафорион, тониран со кармин и украсен со златни ленти, реси на левото рамо и други украси. На главата, под мафорионот, има темнозелена грчка капа, украсена со злато. Христос, чија глава е покриена со кафеава коса, има окерномаслинест химатион и црвен хитон, шрафирани со злато, а на десниот ракав има зелен клавус, исто така со златни шрафирања. Во левата рака држи затворен зеленикаво-бел свиток, а со десната благословува. Во горните агли на иконата се насликани бистите на двајцата архангели, лево Гаврил и десно Михаил, облечени во црвени хитони и сини химатиони, со благо наведнати глави кон Богородица. Цртежот на нивните крилја е изведен со кафеава боја на златната заднина, а пердувите, кои се целосно уништени, биле бели. Инкарнатот е моделиран со бледозеленикав окер со зеленомаслинести сенки, а осветлувањата на истакнатите делови на лицата и рацете се изведени со блед окер. Заднината на иконата е златна, а во неа се врежани ореолите. Натписите: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ Η ΕΠΙϹΚΕΨΙϹ и Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ, како и натписите на архангелите се испишани со цинобер. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 131; Балабанов К., Новооткриени икони од XIII, XIV и XV век, Разгледи, скопје, 1959, 993-995; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 24, т. XXXVI; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22, 25; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 16, t. 16; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XX, сл. 35; Miljković-Pepek P., L’icone de la Vierge Episkepsis d’Ohrid, Културно наследство III, Скопје, 1971, 139-144; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 23, sl. 25; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 179; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 13, 20, t. 20; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 30, sl. 62; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 199-200, кат. 28;

59

60 22. Св. Никола со житие, средина на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 95,5 х 67 х 4 см. Инв. Бр. 352 На десната страна на иконата, во средината, во вдлабнато поле е насликана допојасната претстава на св. Никола врз цинобер основа. Светителот е претставен фронтално, со отворена книга во левата рака, а со десната благословува. Облечен е во химатион обоен во кармин, под кој се наѕира темнозелен хитон. Лентите на ракавите и околувратникот се тонирани со окер. Преку рамениците има бел омофор со големи црвени крстови. Инкарнатот е светол окер со маслинестокафеави сенчења и светли партии, а пластичноста е потенцирана со тенки бели цртички. Косата, брадата и мустаќите се минуциозно изведени-врз основа од темен окер се извлечени сиви и бели прамени. Ореолот на светителот е со темнозелена основа врз која со тенки сиви линии е изведена флорална орнаментика. Лево, односно десно од св. Никола, се насликани бистите на Исус Христос кој му принесува затворена книга и Богородица која му подава омофор. Христос има темноцрвен хитон и сивкаво-зелен химатион, а ореолот му е темнозелен со црвен крст. Богородица е облечена во мафорион тониран со кармин а ореолот ѝ е жолт. Околу бистата на св. Никола, претставена во централното поле на иконата, насликани се неколку сцени од житието на светителот од кои некои се потполно уништени, а некои оштетени во поголема или помала мера. Помеѓу сочуваните претстави може да се препознаат: Рождеството на св. Никола; Учењето на св. Никола кај монахот; Ракополагањето на св. Никола за архиереј; Смирување на бура; Спасување на давеникот; Спасување на тројцата невини од погубување и спасување на девојка од змија; Сечење на дрвото од кое слетуваат демони и Смртта на св. Никола. Палетата на бои во овие сцени се состои од: блед окер, сивозелена, кармин, цинобер, сивкаво-сина, а ореолите се во неколку бои-темнозелена, црвена и жолта. Легендите на св. Никола: Ο Α[Γ]ΙΟϹ ΝΙΚ[ΟΛ]ΑΟϹ, Богородица: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ и Христос: Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ се бели, а натписите на сцените се испишани со црвена боја. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Љубљана, 1963; Париз, 1965; Токио, 1967; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Блажић З., Конзервација икона у Македонији, Зборник заштите споменика културе II, Београд, 1952, 80-81; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 24, т. XXXVI; Ćorović-Ljubinković M., Umetnost ikon, Razstava ikon, Ljubljana, 1963, 20, sl. 11; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22, 26; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 17, t. 17; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XX, сл. 38-39; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 24, sl. 30; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 33; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 202-203, кат. 33;

61

62 23. Исус Христос, средина на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 157,5 х 125 х 4,5 см. Оков од позлатено сребро. Инв. бр. 83 На иконата е претставена допојасната фигура на Христос од типот Пантократор, кој во левата рака држи отворено евангелие, додека со десната, со која ја допира книгата и покажува на текстот, благословува. Облечен е во црвен хитон и зеленикаво-син химатион. Преку десното рамо има окерен клавус, шрафиран со злато. Главата на Спасителот е малку наведната, ликот му е замислен дури и малку строг, а погледот му е вперен во гледачот. Инкарнатот е обработен со топол окер, сенките се нијансирани со маслинеста боја, додека најосветлените делови на лицето и рацете се акцентирани со бело. На образите има лазурно нанесено црвенило. Целата заднина на иконата е покриена со сребрен оков од орнаментирани плочки, кои се несиметрично поставени една до друга. Покрај флоралниот орнамент, на плочките има и фигурални релјефни претстави на бисти на светители и сцени од животот на Христос и Богородица. Сребрените плочки се од сериско производство, бидејќи поедини сцени и фигури се повторуваат и по неколку пати. Особено се мултиплицирани претставите на светите воини Георгиј и Димитриј, потоа архангелите Михаил и Гаврил, портретот на св. Климент Охридски, како и поедини сцени од Големите празници. На долната рамка на оковот има аплициран натпис во кој како нејзин дарител се споменува севастократорок кир Исак Дука-Керсак, командант на коњаницата на цар Душан. Христовиот ореол и целиот фон на иконата под оковот се златни. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 249; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 84-85; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 131-132; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 62, 76-77; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 16, т. XXVI; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 19, 21; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVIII, сл. 32; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 292; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 292; Грозданов Ц., Охридското ѕидно сликарство од XIV век, Охрид, 1980, 36; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd- Zagreb-Mostar, 1983, 127; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 200-201, кат. 30;

63

64 24. Богородица Психосострија, средина на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 158 х 122 х 4 см. Оков од позлатено сребро. Инв. бр. 82 Богородица, која го држи малиот Христос на левата рака е претставена допојасно. Облечена е во темновиолетов мафорион, опшиен по рабовите со златна лента, и зеленикаво-син хитон. На главата, под мафорионот се наѕира грчка капа, темнозелена по боја. Малиот Христос, кој е доста навален наназад, благословува со десната рака, додека во левата држи затворен свиток. Облечен е во бледожолт хитон без ракави, препашан на половината со цинобер појас. Двете нозе му се разголени до над колена. Лицето и рацете на Богородица, како и лицето, рацете и голите нозе на малиот Христос, се обработени со светол окер на темна, кафеавомаслинеста основа. Осветлувањата на најистакнатите делови на телата се изведени со бела боја, а живоста на лицата е потенцирана со лазурно нанесено црвенило на нивните образи. Во XIX век оваа икона била пресликана од страна на зографот Дичо од Тресонче кој, респектирајќи го делото на својот дамнешен претходник, го пресликал само мафорионот на Богородица, не интервенирајќи на нејзиниот лик ниту на фигурата на Христос. Сега овој слој е симнат. Заднината на иконата е покриена со оков од позлатен сребрен лим, изработен во техника на исчукување. Орнаментиката на оковот е во најголем дел геометриска: се состои од меѓусебно испреплетени кругови, додека на рамката на иконата има и флорални орнаменти и релјефни фигури на светители, помеѓу кои се наоѓа и ликот на охридскиот архиепископ Никола. Ореолите на Богородица и Христос се златни, како и целата заднина на иконата, под оковот. Од двете страни на бистата на Богородица се прицврстени четири сребрени плочки, две кружни и две правоаголни, во кои, со исчукување е изведен натписот: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ Η ΨΥΧΟϹΩϹΤΡΙΑ. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Париз, 1971; Сараево, 1971; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 248; Иванов Й., Бьлгарски старини изь Македония, София, 1937, 36-37; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 84-85; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 131-132; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 17, т. XXVII; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 20, 21; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVIII, сл. 6; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 127; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 201-202, кат. 31;

65

66 25. Богородица со Христос, околу средината на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 91 х 53,5 х 3,5 см. Оков од позлатено сребро. Инв. бр. 13 Невообичаената иконографија и стилот на оваа икона, што првенствено се одликува со реализам и свежина во колоритот, ја издвојуваат од сите други во оваа колекција. Богородица е прикажана како млада жена, допојасно, со малиот Христос на левата рака. На себе има црвен мафорион, порабен со жолта лента, а под него, на главата, наместо вообичаената грчка капа има син превез. Христос е облечен во сивкаво-бел хитон, препашан со црвен појас, и во портокалова наметка. Во левата рака држи затворен свиток, а со десната благословува. Косата му е кафеаво-црвеникава. Инкарнатите се моделирани со окер, со зеленикаво-жолтеникави сенки и црвенило на образите, а најистакнатите делови се акцентирани со бело. Премините при моделирањето на ликовите се постапни, така што се чини дека сликарот се трудел да ја имитира природната боја на кожата. На Богородица ѝ нацртал и трепки, а усните ги обоил со цинобер. Целата заднина на иконата и ореолите на Богородица и Христос се покриени со оков од сребрени, орнаментирани плочки. Декорацијата е флорална, а во ореолот на Богородица се изведени три симболи на евангелистите во медалјони: покрај симболите на Матеј (ангел) и Јован (орел), наместо симболите на Лука (теле) и Марко (лав), изведен е еден симбол-двоглав орел, со имињата на овие двајца евангелисти. Лево и десно од Богородица, во два медалјони, е изведен натписот: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ, а Христовата легенда Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ е во неговиот ореол. На рамката на иконата, покрај флоралната и геометриската декорација, претставени се и пет стоечки фигури на пророци, свртени кон Богородица. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 260-262; Мазалић Ѣ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939, 126-127; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ- Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 133; Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953, 5, Pl. 1; Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952, 77; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 62, 78-79; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 18, т. XXVIII; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 21; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXI, сл. 60; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 15, 41, Pl. XXIII; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 23, sl. 27; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 25; Татиђ-Ѣуриђ М., Охридска Богородица Ѕтешитељка, Зборник Народног музеја XIII-2, Београд, 1987, 31-39, сл. 1-2; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 205-206, кат. 37;

67

68 26. Воведение на Богородица, втора половина на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Богородица Перивлепта). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 85 х 67 х 3 см. Инв. бр. 4 Во средиштето на оваа композиција е малечката Богородица, облечена во зелен хитон и темновиолетов мафорион. На главата има бел воал, украсен со црвени пруги, долг речиси до нејзините стапала. Иако е тригодишна и малечка по раст, таа е претставена како веќе возрасна. Лево од неа стои свештеникот Захариј, кој ја прима со испружени раце. Облечен е во зелен стихар, со златни бордури преку кој има фелон, тониран со окер и кафеава боја, исто така украсен со ленти шрафирани со злато. Родителите на малата Марија, Јоаким и Ана, стојат десно од неа. Облеката на Јоаким е темновиолетова, а Ана е облечена во зелен хитон и црвен мафорион. Зад Богородица е насликана група од седум девојки од кои двете во првиот ред имаат големи велови преку главите, додека останатите се гологлави, со дијадеми во косите. Целосно се претставени само фигурите на две девојки во првиот ред од кои десната носи облека тонирана со окер и зелена боја, додека облеката на левата е зелена. Зад фигурите, во втор план е насликана издолжена архитектура со окерномаслинести тонови. Горе, лево, на последното скалило од храмот, претставена е Богородица, во темновиолетов мафорион како го прима лебот од архангелот Гаврил. Фигурите на Захариј, Јоаким и Ана се доста поголеми во однос на останатите личности во сцената. Цртежот е доста груб и линеарен. Колоритот е светол и јасен, а потезите се долги и широки. Пластичноста е изразена само кај ликовите на фигурите, сé друго е сведено само на две димензии. Ореолите и заднината се сликани со жолт окер, а натписот: ΤΑ ΑΓΙΑ ΤΩΝ ΑΓΙΩΝ е испишан со цинобер. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967;Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 255-257; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 84, 88; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 121-122; Ćorović-Ljubinković M., Les icones d'Ohrid, Beograd, 1953, Pl. 3, 6; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22-23, Pl. XIV; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 29-32; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 75-76; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 8, т. X; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 14, t. 14; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVII, сл. 30; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LXII, XC-XCII, sl. 171; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 11, 37, Pl. XVIII; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 24, sl. 28; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 109, 127, sl. 49; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 198-199, кат. 27;

69

70 27. Благовештение-крило од Царски двери, втора половина на XIV век. Од црквата Св. Богородица Болничка во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 113 х 36,5 х 3 см. Инв. бр. 303 Површината на иконата е поделена на два дела со црвена бордура, каква што има и по нејзините рабови. Во горниот дел е претставена бистата на царот и пророк Соломон, кој на главата има круна, тонирана со окер и црвена боја и украсена со скапоцени камења и бисери. Во десната рака држи отворен свиток, на кој покажува со левата. Облечен е во царска облека, богато украсена со злато, скапоцени камења и бисери. Архангелот Гаврил е претставен во неговата вообичаена поза во сцената на Благовештението: зачекорен со едната нога, со подигната десна рака во знак на поздрав, додека во левата држи црвена гласничка палка. Облечен е во цинобер хитон, а на десниот ракав има темнокафеав клавус шрафиран со злато. Химатионот, кој паѓа во богати набори, е обоен во печена сиена, со сиво-бели партии. Крилјата му се кафеави, цртежот на пердувите е изведен со злато, а долните редови од пердувите се сини и сиви. Инкарнатот е изведен со маслинеста боја, врз која се нанесени бледорозови осветлувања и бели акценти во вид на тенки линии. Косата, и на Соломон и на архангелот, е со кафеава подлога врз која со светлокафеава и окер грижливо се изведени кадрите. Заднината на иконата е дводелна: златна во горниот и зелена во долниот дел, додека ореолите се втиснати во неа во вид на кругови од точки. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 26, т. XXXVII; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22, 28; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 19, t. 19; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXV, сл. 50; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 27; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 207-208, кат. 40;

71

72 28. Благовештение - Царски двери, крај на XIV век. Од црквата Св. Константин и Елена во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 119 х 62 х 2,5 см. Инв. бр. 97 На левото крило на дверите е претставен архангелот Гаврил, застанат на постамент обоен со печен и светол окер, во часот кога ѝ пристапува на Богородица. Десната рака му е подигната во знак на поздрав додека со левата ја придржува гласничката палка. На себе има црвен хитон со маслинестозелен клавус на десниот ракав, а преку него химатион, тониран со кармин. Сенките на наборите се изведени со темнозелена и маслинеста боја, а осветлувањата се потенцирани со бели акценти. Крилјата му се сликани со цинобер, во горниот дел, и темнозелена во долниот, додека цртежот на пердувите е изведен со темноцрвена и бела боја. Косата, која му паѓа на десното рамо, е со кафеава основа на која со темнокафеава и окер се извлечени кадрите и прамените. Богородица е свртена кон архангелот, и стои на подножник, тониран со кафеав и светол окер. Застаната е пред трон кој е обоен со печен и светол окер и на кој има две перници-црвена и темносина. Облечена е во темносин хитон и мафорион обоен со кармин, со златна бордура, на главата има темнозелена грчка капа, а обувките на нозете ѝ се црвени. Околу дланката на левата рака ѝ е навиткано пурпурно предено, а со десната го придржува вретеното. Инкарнатот на лицата и рацете е обработен со загасит окер, со широки маслинести сенки, а осветлувањата на најистакнатите делови се изведени со светол окер и бела боја. На образите има лазурно нанесено црвенило. Од сегмент на небото над главата на Гаврил излегува зрак кој се спушта на Богородица, а во него е претставен светиот Дух во вид на бела гулабица. Ореолите се изведени во плиток релјеф со флорална декорација на која има и траги од црвена боја, а обоени се со маслинестокафеава боја, каква што е и заднината на иконата. Од натписите се распознаваат само поедини букви, испишани со цинобер. И з л о ж б и: Париз, 1965; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 24, 36; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXIV, сл. 40;

73

74 29. Св. Климент Охридски, последна четвртина на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Св. Наум Охридски). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 86 х 65 х 3,5 см. Инв. бр. 81 Светителот е претставен во фронтален, допојасен став, во иконографски облик кој бил вообичаен во охридското сликарство од овој период. Со десната рака благословува, додека во левата држи затворена книга со златни корици, украсени со црвени скапоцени камења и бисери. Облечен е во пурпурновиолетов фелон, а преку рамениците му е префрлен бел омофор на кој се насликани големи, црни крстови, украсени со злато. Бордурата на ракавот од подигнатата десна рака, што излегува од под фелонот, е златна и богато украсена. Ликот на св. Климент е обработен со розикав окер, со дискретни премини во сивкаво- маслинести сенки, додека осветлувањата на најистакнатите делови на челото, носот и околу очите се изведени во вид на тенки, бели линии. На образите има лазурно нанесено црвенило. Косата, брадата и мустаќите на светителот се проседи и обработени со тенки бели и сиви линии, извлечени врз кафеавомаслинеста основа. Целата заднина на иконата е позлатена, а натписот: Ο ΑΓΙΟϹ Κ(ΛΗ)(ΜΗ)Ϲ, кој се наоѓа во горните агли, лево и десно од бистата на св. Климент, е испишан со цинобер. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 28, т. XII-XIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXIV, сл. 45; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 297 а, b; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 297 а, b; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, XCIV, sl. 205; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 25, sl. 37; Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX – XVIII век, Скопје, 1983, 106-107, т. IV-V; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 22 a-b, t. 22 a-b; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 209-210, кат. 43-44;

75

76 30. Св. Наум Охридски, последна четвртина на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Св. Климент Охридски). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 86 х 65 х 3,5 см. Инв. бр. 81 Иконографскиот тип на св. Наум, претставен во допојасен, фронтален став, е карактеристичен за охридското ѕидно сликарство и иконописот од XIV век. Благата и ненаметлива експресивност на неговиот лик е резултат на извонредната рамнотежа на цртачките и колористичките вредности што ја постигнал авторот на оваа икона. Во левата рака св. Наум држи сивкаво-жолтеникав затворен свиток, заврзан со темноцрвена врвца, додека со десната благословува. Облечен е во монашка одежда: сивомаслинеста наметка со качулка со четири крстови околу вратот, под која се наѕира темнокафеава долна облека. Инкарнатот на лицето е изведен со розикав окер, со маслинести сенки и бледорозови осветлувања, додека на образите и усните има лазурно нанесено црвенило. Моделацијата е изведена со благи премини и бели акценти во вид на цртички. Косата, брадата и мустаќите се со маслинестокафеава основа на која се извлечени кафеави и окерни влакна. Заднината на иконата, во која е врежан ореолот на светителот, е златна. Натписот: Ο ΑΓΙΟϹ ΝΑΟΥΜ е испишан со црвена боја. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 28, т. XII-XIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXIV, сл. 45; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 297 а, b; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 297 а, b; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, XCIV, sl. 205; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 25, sl. 37; Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX – XVIII век, Скопје, 1983, 106-107, т. IV-V; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 22 a-b, t. 22 a-b; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 209-210, кат. 43-44;

77

78 31. Св. Никола, крај на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 84,5 х 45 х 2 см. Инв. бр. 276 На иконата е претставен св. Никола во фронтална, допојасна претстава. Во левата рака држи затворена книга, а со десната благословува. Корицата на книгата е обоена во окер и украсена со сини и црвени скапоцени камења и бисери. Светителот е облечен во облека тонирана со кармин, чии што набори се изведени со црна боја. Бордурите на десниот ракав и околувратникот се украсени, како и корицата на книгата, со скапоцени камења и бисери. На рамениците има бледоокерен омофор, украсен со големи, темносини, скоро црни, крстови. Инкарнатот е розикав окер, со благи, маслинестосиви сенки и бели осветлувања. На образите има лазурно нанесено црвенило. Пластичноста на ликот е постигната со акцентирања во вид на бели цртички. Косата, брадата и мустаќите се грижливо обработени со тенки, бели и црни линии врз сива основа. Ореолот околу главата на св. Никола е сивкаво-син, исполнет со флорална орнаментика изведена со посветла нијанса на истата боја. Лево и десно од бистата на светителот, свртени кон него, се допојасните претстави на Исус Христос и Богородица, кои му подаваат затворена книга, односно омофор. Фонот на иконата е цинобер, со темнокафеава рамка наоколу. Натписот Ο ΑΓΙΟϹ ΝΙΚΟΛΑΟϹ е бел. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 22, т. XXXII; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22, 27; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 18, t. 18; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXI, сл. 37; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 207, кат. 39;

79

80 32. Св. Наум Охридски, втора половина на XIV век. Литиска икона (на другата страна е Архангел Михаил). Од црквата Св. Никола Болнички во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 91,5 х 70 х 3,5 см. Инв. бр. 274 На оваа икона е насликана фронталната допојасна претстава на св. Наум Охридски, чиј што лик, како и на останатите негови портрети од охридскиот круг, типолошки е сосем дефиниран, што потврдува дека традицијата за неговото претставување била воспоставена веќе одамна. Во левата рака држи затворен сив свиток, а со десната благословува. Облечен е во карактеристична монашка наметка со темна, виолетовоцрвена боја, со доста стилизирани набори во вид на светли партии и темни сенки. На предниот дел, под наметката, се наѕира зелена долна облека, чии ракави, кои излегуваат од под наметката, имаат црвена бордура. Инкарнатот на светителот е моделиран со светол окер, сенките се изведени со маслинестозелена боја, а пластичноста е постигната со светли акцентирања во вид на бели цртички и црвенило на образите. Косата, брадата и мустаќите имаат кафеава основа врз која се нагласени прамените и влакната со окер и црни линии. Заднината на иконата е покриена со слој на темна патина, под која може да се види дека таа е тонирана со окерно-сивкава боја. Ореолот е назначен со темноцрвена боја, а од натписот под патината, може единствено да се види дека е испишан со црвено, каква што е и сликаната рамка на иконата. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 27, т. XL; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22, 24, Pl. XV-XVI; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 15, t. 15; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XX, сл. 48; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 291; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 291; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 25, sl. 36; Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX – XVIII век, Скопје, 1983, 108-109, т. VI; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 29; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 203-204, кат. 34;

81

82 33. Благовештение - Царски двери, околу средината на XV век. Од црквата Св. Богородица во с. Ботун кај Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 119 х 62 х 2,5 см. Инв. бр. 320/321 Композицијата Благовештение е насликана во својот вообичаен иконографски облик: на левото крило од Царските двери е претставен во цел раст архангелот Гаврил, а на десното-Богородица. Архангелот стои, зачекорен со десната нога, врз зелена перница украсена со црвено. Облечен е во цинобер хитон со црн клавус, шрафиран со злато и темнозелен химатион кој паѓа во раскошни набори. Во левата рака држи бела гласничка палка, а десната му е подигната во знак на поздрав. На босите нозе има сандали. Косата му е кадрава, темнокафеава со окерномаслинести прамени и сино-сива лента во неа. Богородица стои пред престолот на кој има две перници-зелена и црвена, украсени со злато. Застаната е на подножник, тониран со окер, со црвени рабови. Со левата рака го држи преденото, а вретеното го префрлила преку отворената дланка на десната рака. Облечена е во темнозелен хитон и темноцрвен мафорион, порабен со златни ленти и реси. На главата, под мафорионот, има зелена грчка капа украсена со злато. Инкарнатот е обработен со окер и светли партии на поистакнатите делови на лицата и рацете. Зад фигурите на Гаврил и Богородица, врз заднина тонирана со окер, има сликана архитектура во сивомаслинести, окерни, сини и маслинести тонови, со црвени покриви и драперии, а украсена е со флорални орнаменти. Од сегмент на небото, во горниот дел, врз Богородица се спушта светиот Дух во вид на бела гулабица. Ореолите се златни, а натписот: ПΛΑΓΟВЕЩЕΝИЕ е испишан со црна боја, додека легендите на Гаврил и Богородица се црвени. И з л о ж б и: Париз, 1965; Токио, 1967; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 24, 37; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 25, t. 25; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 30; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 209-210, кат. 43-44; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXV, сл. 51; Ангеличин-Жура Г., Приказ на охридски икони од поствизантиски период, Културно наследство XII-XIII, Скопје, 1988, 77-84, сл. 6; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 214-215, кат. 50;

83

84 34. Мачењето на св. Јаков Персиски, средина на XVI век. Од црквата Св. Никола Болнички во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 50,5 х 38,5 х 3 см. Инв. бр. 306 Според житието, св. Јаков кој потекнувал од христијански родители и бил оженет со христијанка, поради својата способност и остроумност ја стекнал наклоноста на персискиот цар Издигерд, кој го направил благородник на неговиот двор. Служејќи на дворот, св. Јаков принесувал и жртви на божествата на кои и царот им се поклонувал. Заради тоа тој бил остро прекорен од неговите родители, по што се покајал и уште повеќе му се посветил на Христа за што бил осуден од царот на смрт така што постапно ќе му се отсекуваат делови од телото сé додека не умре. Мачеништвото како последна епизода од животот на овој светител е темата која е илустрирана на оваа икона. Врз златна заднина е насликан пејзаж од скалесто поставени карпи, обоени во темносиво, на кои има исцртано вегетација со црна боја. Во дното на карпите е претставено легнатото голо тело на светителот-маченик, со отсечени раце и нозе. Околу него има три фигури на џелати, кои со ножеви и мечеви отсекуваат од неговото тело делови од кои тече крв. До нив, десно, насликана е фигура на некаков владетел, веројатно царот Издигерд, кој го следи мачењето. Владетелот и двајца од џелатите имаат на главите златни круни, додека четвртата фигура е гологлава. Облечени се во облеки тонирани со цинобер, маслинеста и сивкаво-сина боја. Десно од оваа сцена е претставена фигурата на св. Јаков во цел раст, со круна на главата и бел, маченички крст во десната рака. Облечен е во богато орнаментирана облека украсена со златни бордури, скапоцени камења и бисери. На нозете има златни обувки. Во горниот дел на иконата е насликан сегмент од небото со две групи монохромно изведени ангели, а во средината е претставен Исус Христос кој на светителот му дарува маченичка круна. Инкарнатот на фигурите е доста темен, моделиран со кафеав окер, а светли партии има само на најистакнатите делови на лицата и телата. Ореолите се златни, а натписите, од кои се забележливи само незначителни траги, биле испишани со бела боја. И з л о ж б и: Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Досега не е публикувана.

85

86 35. Св. Климент Охридски, втора половина на XVI век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 50 х 37 х 3 см. Инв. бр. 354 На иконата е фронтално претставена допојасната фигура на патронот на Охрид-св. Климент, кој во левата рака држи затворена книга, а со десната благословува. Типолошки, овој портрет припаѓа на онаа група негови портрети каде што во најголема мера се изразени физиономските особености на овој светител, одамна усвоени и негувани во охридскиот ликовен центар. Облечен е во темноцрвен фелон на кој осветлувањата се изведени со цинобер, а наборите со црна боја. Преку рамениците има префрлен темнозелен омофор, украсен со големи, црни крстови. Рабовите на книгата се црвени, додека корицата е тонирана со окер и е богато украсена со зелени и црвени скапоцени камења и бисери. Инкарнатот на св. Климент е моделиран со темен окер на кој има само осветлувања, изведени со бледорозова и бела боја. Косата, долгата брада и мустаќите на светителот се со темна основа од кафеав окер, врз која мошне грижливо се извлечени прамените и влакната со сива и бела боја. Целата заднина на иконата е златна, а ореолот на светителот е само назначен на неа во вид на два врежани концентрични кругови. Натписот на св. Климент: Ο ΑΓΙΟϹ ΚΛΗΜЕ(Ν)ΤΙΟϹ, е испишан со златни букви во две правоаголни полиња во горните агли на иконата. И з л о ж б и: Љубљана, 1963; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ćorović-Ljubinković M., Umetnost ikon, Razstava ikon, Ljubljana, 1963, 39, sl. 25; Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX – XVIII век, Скопје, 1983, сл. 28; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 48;

87

88 36. Св. Наум Охридски, втора половина на XVI век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 50,5 х 37,5 х 2,5 см. Инв. бр. 355 Оваа икона, насликана како пандан на иконата со Климентовиот лик, е едно од најубавите дела од овој период на кои е претставен св. Наум Охридски. Се одликува со прецизен и чист цртеж, извонреден колорит и забележително постигнување во портретирањето и индивидуализирањето на неговиот лик, кој типолошки бил сосема дефиниран уште во XIV век. Светителот е насликан допојасно, во фронтален став. Рацете му се подигнати во висина на градите-во левата држи затворен свиток, а со десната благословува. Облечен е во монашка облека, сива по боја, а преку рамениците му е префрлена црна наметка со качулка. Моделацијата на лицето и на рацете е изведена со окер, со премини во маслинестокафеави сенки. Истакнатите делови на лицето и на рацете на светителот се потенцирани со бела боја во вид на цртички. Косата, брадата и мустаќите на св. Наум имаат кафеава основа врз која грижливо се извлечени прамени и влакна во вид на тенки, темнокафеави и црни линии. Целата заднина на иконата е златна, а врз неа, во вид на два концентрични кругови, е врежан ореолот на светителот. Во горниот дел на иконата, од двете страни на бистата на св. Наум, се чита избледениот натпис Ο ΑΓΙΟϹ ΝΑΥΜ, испишан со црвена боја. И з л о ж б и: Љубљана, 1963; Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ćorović-Ljubinković M., Umetnost ikon, Razstava ikon, Ljubljana, 1963, 30; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LXIX, XCV, sl. 215; Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX- XVIII век, Скопје, 1983, 110, сл. 31; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 49;

89

90 37. Архангел Михаил, втора половина на XVII век. Литиска икона (на другата страна е Св. Наум). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 91,5 х 70 х 3,5 см. Инв. бр. 309 Архангелот Михаил е насликан врз златна заднина, допојасно, во фронтален став, со поглед фиксиран во гледачот. Во левата рака држи сфера, а во подигнатата десна има исукан меч. Оклопот во кој е облечен е тониран со окер и златни шрафирања, додека апликациите на него, кои се украсени со флорални орнаменти, се изведени со сина и сива боја. Под оклопот носи сива кошула од која е видлив десниот, засукан ракав. Мечот е исто така насликан со сина и сива боја, каква што е и сферата во неговата лева рака. Преку оклопот има префрлено цинобер наметка, украсена со бели точки, која е заврзана под левото рамо. Крилјата му се кафеави, со златен цртеж на пердувите, а долните редови пердуви се изведени со сина и сива боја. Инкарнатот на архангелот е моделиран со окер, кој преминува во кафеави и маслинести сенки, а на осветлените делови на лицето и рацете е нанесен розов окер со акценти во вид на бели цртички. Косата, во која има бела лента, е грижливо изведена во вид на окерномаслинести кадри врз темнокафеава основа. Релјефно изведениот ореол е исполнет со флорална орнаментика и е позлатен како и целата заднина на иконата. Натписот: Ο Α[Ρ]Χ[ΑΓΓΕΛΟϹ] (ΜΙ)Χ[ΑΗ]Λ е испишан со цинобер. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 27, т. XL; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 22, 24, Pl. XV-XVI; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 15, t. 15; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XX, сл. 48; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 291; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 291; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 25, sl. 36; Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX – XVIII век, Скопје, 1983, 108-109, т. VI; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 29; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 203-204, кат. 34;

91

92 38. Вознесение на св. Илија, крај на XVII-почеток на XVIII век. Од црквата Св. Никола Болнички во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 91,5 х 59 х 4,5 см. Инв. бр. 150 Пророкот е претставен на оваа икона во моментот кога во кочијата, во која се впрегнати четири крилести коњи, се вознесува на небо. Насликан е во двотретинска претстава, завртен полулево, со кадрава брада и коса која му паѓа на левото рамо. Покрај уздите од запрегата, во левата рака држи и отворен свиток, а со десната благословува. Облечен е во портокалов хитон, а преку левото рамо има префрелена темноцрвена наметка со крзнена бордура. Кочијата е маслинеста, со жолтеникаво шрафирање и украсена со сини и црвени скапоцени камења и бисери. Тркалата се тонирани со печена сиена. Коњите се насликани со оранж и сиена, а уздите се црни. Под левиот коњ е малата фигура на пророкот Елисеј во портокалов хитон и зеленикаво-син химатион, со црни обувки на нозете. Рацете му се подигнати кон св. Илија, а околу главата има жолт ореол над кој има натпис: Ο ПΡΟΦ<ΗΤΗС> ЕΛΗСЕΑ, испишан со темноцрвена боја. Инкарнатите се изведени со темен окер, врз кој се нанесени само осветлувања со светол окер и контури со кафеава боја. Цртежот е доста невешт, со голема диспропорција помеѓу насликаните фигури, а гамата на бои е прилично ограничена и неблагородна. Фонот на иконата е дводелен и лазурно обработен: во горниот дел е изведен со бледа зеленожолта боја, а долу е зелен, додека наоколу има сликана темноцрвена рамка. Ореолот на св. Илија е златен, ограничен со црна линија, а натписот: Ο ΑΓ[Ι]ΟС Η(ΛΙ)Α<С> и текстот на свитокот се испишани со црна боја. И з л о ж б и: Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Досега не е публикувана.

93

94 39. Св. Јован Крстител, крај на XVII-почеток на XVIII век. Од црквата Св. Богородица Болничка во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 89 х 56,5 х 2,5 см. Инв. бр. 286 Испосничката, крилеста фигура на светителот е претставена допојасно, во фронтална поза. Во левата рака држи чинија, црвена по боја и украсена со скапоцени камења, во која е неговата отсечена глава, додека десната му е подигната во гест на благослов. Облечен е во својата карактеристична облека од камилино крзно, која е тонирана со блед окер и темносина боја, со нагласени, сиви влакна. Преку левото рамо има богато драпирана зелена наметка. На левата страна, преку рамото, има отворен, сив свиток на кој има испишан грчки текст, а под него има црвена палка со крст на врвот. Крилјата му се кафеави со црна линија и шрафирани со злато, а пердувите се исцртани со црвена, сина и златна боја. Ликот на св. Јован е мошне експресивен, со силно нагласени црти на испосник и неодреден поглед. Инкарнатот е обработен со печен окер, со розови осветлувања и бели акценти во вид на тенки цртички. Запуштената коса која му паѓа преку рамениците и брадата се во основа кафеави, додека прамените и влакната се извлечени со окер и црна боја. Ореолите се релјефно обработени, украсени со флорални орнаменти и златни, каква што е и целата заднина на иконата. Легендите: Ο [ΑΓΙΟϹ] ΙΩ(ΑΝΝΗϹ) Ο (ПΡ)ΟΔΡΟΜΟСсе изведени со златна боја, во два црвени медалјони од страните на бистата на светителот. Наоколу иконата има црвена, сликана рамка. И з л о ж б и: Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Ангеличин-Жура Г., Приказ на охридски икони од поствизантиски период, Културно наследство XII-XIII, Скопје, 1988, 77- 84, сл. 9;

95

96 40. Св. Марина со житие, средина на XVIII век. Автор: Константин Шпатараку од с. Шпат кај Елбасан, Албанија. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 92,5 х 60,5 х 3 см. Инв. бр. 26 Површината на иконата е поделена на тринаесет полиња: едно поголемо, во средината и дванаесет помали околу него, во кои се насликани поедини епизоди од животот на светителката. Во централното поле е претставена св. Марина, седната на златен трон и наведната на левата страна. Со левата спуштена рака го држи ѓаволот, а со десната, во која има дрвен чекан, замавнува да го отепа. Облечена е во темносин хитон, украсен со цветна орнаментика, на кој има две вкрстени, златни ленти со флорална декорација. Преку рамениците ѝ е префрлена цинобер наметка, украсена исто така со флорални орнаменти, додека од внатрешната страна е розова. Наметката, ракавите и долниот раб на хитонот се порабени со златна лента. На главата светителката има златна круна, а на нозете црвени обувки прошарани со злато. Сцените од животот и мачеништвото на светителката се распоредени на четирите страни околу централното поле: Горе: 1. Св. Марина пред царскиот намесник Олимвриј; 2. Тепање со тојаги; 3. Мачење со железни трозапци. Лево: 1. Св. Марина во затвор со страшни демони; 2. Св. Марина го отепува ѓаволот; 3. Мачење на св. Марина со запалени свеќи. Десно: 1. Ѓаволот ја искушува св. Марина; 2. Јавување на св. Дух; 3. Ставање на св. Марина во казан со врела вода. Долу: 1. Ослободување од казанот; 2. Јавување на Исус Христос; 3. Отсекување на главата на св. Марина. Инкарнатот е обработен со темен окер, со маслинести сенки и светли акценти на истакнатите делови на лицата и телата. Ореолот на светителката е златен како и целата заднина на централното поле, додека во сцените од житието има и сликана архитектура со розови и сиви тонови. Во поново време преку златниот ореол е поставен друг, направен од сребрен лим и украсен со цветни орнаменти. Легендата: Η Α[ΓΙΑ] Μ(ΑΡ)(ΗΝ)Α е црвена. И з л о ж б и: Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Грозданов Ц., Портрети на светителите од Македонија од IX – XVIII век, Скопје, 1983, 216, сл. 70-71; Ангеличин-Жура Г., Приказ на охридски икони од поствизантиски период, Културно наследство XII-XIII, Скопје, 1988, 77-84, сл. 1; Машниќ М,. Дела од раната фаза од творештвото на Михаил Анагност и син му Димитар-Даниил, Зборник на Музејот на Македонија, нова серија бр. 2, средновековна уметност, Скопје, 1996, 269, ф. н. 3а; Попова Е., За авторството на иконата св. Марина с житие в Галерията на икони-Охрид, Проблеми на изкуството 3, БАН, София, 1998, 33-39;


Like this book? You can publish your book online for free in a few minutes!
Create your own flipbook