Милчо Георгиевски ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ - ОХРИД
Издавач: Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Охрид Милчо ГЕОРГИЕВСКИ ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ – ОХРИД За издавачот: Нада НОВАКОВСКА Рецензенти: Д-р Петар МИЉКОВИЌ-ПЕПЕК Викторија ПОПОВСКА-КОРОБАР Дијапозитиви: Милан ПЕТРОВИЌ Милан ЏИНГО Лектура: Ленче ЈОВАНОВСКА Техничко уредување: Милчо ГЕОРГИЕВСКИ Печати: ДОО ’”Коста Абраш - Графопак” – Охрид Печатењето на изданието е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија
Милчо Георгиевски ГАЛЕРИЈА НА ИКОНИ - ОХРИД ОХРИД 1999
При обидот да се направи еден поопстоен хронолошки преглед на иконописот во Охрид и регионот околу него, уште на самиот почеток наидуваме на еден подолг период од кој немаме сведоштва за дејноста на тогашните сликари, иако е речиси сигурно дека активности на тој план постоеле и тогаш. Станува збор за периодот од крајот на IX до средината на XI век, односно, периодот од изградбата и живописувањето на црквите на св. Климент Охридски (893 год.) и св. Наум (900 год.), па сé до декорирањето на охридската катедрала Св. Софија, што се случило околу 1040/1045 година.1 Ова е време исполнето со многу настани, значајни за историјата на македонскиот народ. Во овој период во Охрид престојуваат и делуваат словенските просветители св. Климент и св. Наум, тогаш дошло и до формирање на Самоиловото царство, а со тоа и на Преспанско-охридската патријаршија, но исто така ова е и време на пропаста на истото тоа царство по што дошло и до сведување на споменатата патријаршија на степен на архиепископија. Но, и покрај сите тие настани кои укажуваат на особено немирните времиња, не смее да се заклучи дека низ сиот овој период уметничката активност на овие простори била целосно замрена. За жал, некои поголеми докази за тоа денес немаме, барем не онакви и во толкава мера што би ни овозможиле следење на уметничкиот развој на тогашните сликари или согледување на стилските особености на нивните дела. На прашањата во врска со квалитетот на изработката на ликовните дела, местата на школување и делување на зографите, како и за развиеноста на врските со поголемите уметнички центри од тоа време, првенствено со Цариград и Солун, повеќе светлина треба да фрлат идните проучувања. После пропаста на Самоиловото царство (1018 г.), настапил периодот на византиската власт кој траел сé до потпаѓањето на најголемиот дел од македонската територија под власта на српската средновековна држава, заедно со престолнината на Охридската архиепископија во 1334 година. 2 Овој период ќе остави длабоки траги во духовниот и културниот живот, не само на седиштето на Архиепископијата и архиепископската диецеза, туку и на многу поширок план во овој дел на Балканскиот Полуостров. Првата половина на XI век, поточно периодот помеѓу 1040 и 1045 година е времето кога настанало сликарството во олтарскиот простор, наосот и нартексот на црквата Св. Софија во Охрид. Иако е сочуван само еден дел од првобитната декорација на црквата, денес ова сликарство претставува една од најобемните и најсочувани насликани теолошки програми во една византиска катедрална црква од XI век и со право ја вбројува Св. Софија во редот на клучните споменици на таа епоха во општата историја на византиската уметност. Монументалниот изглед на фигурите, пластичната цврстина на формите, вкочанетиот поглед на неприродно големите очи на светите лица, ограничената палета на бои како и упростениот цртеж, се само дел од карактеристиките на стилот на ова сликарство кое во историјата на средновековната уметност се означува како “монументално сликарство”. Покрај фреските на ѕидовите на црквата, со голема веројатност може да се тврди дека биле изработени и икони за големиот мермерен иконостас, кој го затворал олтарскиот простор на Св. Софија. Ако ги имало, тогаш веројатно тие биле големи како што се престолните икони кои за овој иконостас биле изработени и подоцна, во XIV век, а кои се сочувани до денес. 1 П. Миљковиќ-Пепек, Материјали за македонската средновековна уметност I, Фреските во светилиштето на црквата Св. Софија во Охрид, Зборник на археолошкиот музеј I, Скопје, 1955, 37-70; Id., Материјали за македонската средновековна уметност III, Фреските во наосот и нартексот на црквата Св. Софија во Охрид, Културно наследство III, Скопје, 1971, 1- 25; Id., Водоча,Скопје, 1975, 35-38; 2 Б. Панов, Средновековна Македонија, том III, Скопје, 1985, 794.
2 Во прилог на ова сведочат и две икони од кои првата е хронолошки детерминирана околу 1045/50 година а другата во втората половина на XI век.3 Едната од нив на која се претставени двајца архиереи во цел раст, св. Василиј Велики и св. Никола (кат.1), се одликува со солидна техничка изработка и извонредно префинет ликовен израз кои, заедно со начинот на моделирање на ликовите, недвосмислено укажуваат на мајстор од цариградските сликарски работилници од средината на столетието. На другата икона е насликана композицијата Четириесетте Севастиски маченици (кат.2).4 Темата, која е земена од легендата што особено била почитувана во Цариград, е мошне ретка во византиската уметност воопшто, па оттаму, оваа икона се вбројува во најстарите досега познати икони со ваква претстава. Стилската анализа на ова мало, но извонредно значајно иконописно дело од овој ран период, нé наведува на заклучокот дека непознатиот сликар мора да му припаѓал на ателје во кое се негувала префинета техника при сликањето икони. Неговиот цртеж е со доста нагласена линија која вешто ги обликува фигурите и го бележи нивното реагирање во процесот на замрзнувањето, а во таа функција е и колоритот кој е сведен на само неколку тонови на зелена и окер, со што овој сликар се приближува до зографите кои ја украсиле охридската црква Св. Софија. Меѓу најзначајните творби на иконописот од крајот на XI или почетокот на XII век, се вбројува една мала икона со тематика која е мошне ретко обработувана во византискиот иконопис. Станува збор за иконата Причестување на апостолите (кат.3),5 која е најстарата досега откриена икона со ваква претстава на територијата на Македонија. Иконата, гледано во целина, не покажува особености на иконописот кој се негувал во тоа време во сликарските работилници во Цариград или во Солун, туку најверојатно би можела да му се припише на некој локален зограф од крајот на XI или почетокот на XII век.6 Работејќи во време кога монументалноста во сликарството полека отстапувала пред надоаѓањето на наративниот стил, непознатиот иконописец создал дело во кое и линијата на цртежот и палетата на боите се подредени на барањата на новите идеи и струења во сликарството кои доаѓале од престолнината. Користејќи ја византиската т. н. “обратна” перспектива, сликарот на оваа икона ги сместил апостолите во две прилично збиени, но јасно дефинирани групи, со што ги презентирал своите завидни знаења и можности во компонирањето на просторот и фигурите. Кога станува збор за иконописот од овој ран период во Охрид, мора да споменеме и две поголеми икони, всушност, се работи за композицијата Благовештение претставена на две засебни икони.7 На првата е насликана Богородица на престол (кат.4), а на втората архангелот Гаврил (кат.5). Самото претставување на оваа композиција на две одделни икони спаѓа во архаичните решенија, кои се остварени под влијание на ѕидното сликарство и на некој начин хронолошки го одредува времето на нивното настанување. Стилот на овие икони покажува една рафинирана елеганција во цртежот и во композицијата, а во третманот на 3 П. Миљковиќ-Пепек, Проучувањето на неколку новооткриени икони кои значително ја збогатуваат македонската колекција, Културно наследство IV, Скопје, 1972, 5-6, 10, сл. 1-2; Id., За најстарата икона во македонската колекција, Зборник на археолошкиот музеј VI-VII (1967-1974), Скопје, 1975, 133-148; Id., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 172, 174, 179-181; Id., La collection Macedonienne d'icônes du XIе au commencement du XVе siècle, estratto da XXXIII corso di cultura sull'arte ravennate e bizantina, Ravenna, 1986, 315, fig. 2, 4. 4 В. Ј. Ђурић, Иконе из Југославије, Београд, 1961, 14-15, 75, Т. I. 5 P. Miljković-Pepek, Une icône de la comunion des apôtres ,Χαριστηριον εις Αναστασιον Κ. Ορλανδον, Αθηνα, 1966, 95-409, Pl. CXXVI-CXXXI. 6 Id., оп. цит. 407-409. 7 Н. П. Кондаковъ, Македония-Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 262-270, Т. XI-XII.
3 ликовите на насликаните фигури веќе се чувствува оној познат комненски графицизам, кој ќе стане типичен за сликарството од втората половина на XII век. Во драперијата на архангелот веќе може да се почувствува онаа развиореност и вознемиреност, која ќе кулминира во втората половина на векот (фреските во Курбиново, 1191 год.). Во врска со времето на создавање на овие две икони досега се искажани повеќе мислења,8 но со поголема оправданост се оние кои ги врзуваат за времето кога на архиепископскиот престол во Охрид се наоѓал архиепископот Лав Мунг (1108-1120 год.).9 И двете икони се покриени со окови од сребрени плочки кои според стилот, а особено според начинот на изработка на релјефните фигури на пророци и архангели, како и некои декоративни елементи, се мошне блиски до делата на византиската применета уметност од XI и XII век.10 Некаде околу средината на XII век, кога на чело на Охридската архиепископија застанал Јован, внукот на византискиотот император Алексиј Комнен, (од околу 1143 до околу 1160 год.), како и во времето на неговиот наследник, архиепископот Константин I, во Македонија се развила жива сликарска активност која во охридската средина не бележи некој особен подем. Ќе помине скоро едно и пол столетие од настанувањето на најстарите икони до појавата на поголемата сочувана група охридски икони од втората половина на XIII век, период кој е исполнет со значајни историски настани, како за земјите на Балканот така и за Византија во целина. Ова е време кога по падот на Цариград во 1204 година се создаваат латинските држави на тлото на царството, но и време на неговата подоцнежна обнова во 1261 година. Во Македонија за превласт се борат Бугарија и Епирското деспотство, а во 1219 година од Охридската архиепископија, која била соочена со големи тешкотии и сериозни кризи, се издвојува српската црква.11 Сите овие збиднувања се рефлектирале, на еден или на друг начин, и врз активностите на ликовен план во рамките на автокефалната Охридска архиепископија, на чиј престол во овој период се наоѓал архиепископот Димитриј Хоматијан, познат како истакнат борец за нејзините права.12 Делата од првата половина на векот се навистина малобројни и доста скромни по својата уметничка вредност, меѓутоа сепак мошне важни за следење на континуитетот во развојот на средновековното сликарство во Охрид, а особено на иконописот. Меѓу ретките сочувани иконописни дела од ова време се вбројува големата икона на која е претставена Богородица Одигитрија (кат.6),13 а тука спаѓа и една икона со скромни димензии, со ликот на св. Варвара, која најверојатно била домашна икона на некоја угледна охридска фамилија. Според општите стилски карактеристики и основните сликарски елементи, оваа мала, но мошне значајна икона би можела да му се припише на некој од локалните зографи кој сигурно го владеел занаетот и бил во тек со специфичните ликовни струења од првата половина на XIII век. 8 Id, op. cit., 264; Ђ.Мазалић, Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар-III серија, књ. 14, Београд, 1939, 124-126; М. Кашанин, Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 75-80; Р. Љубинковиќ-М. Ќоровиќ- Љубинковиќ, Средновековното сликарство во Охрид, Зборник на трудови на Народниот музеј во Охрид, Охрид, 1951, 106-108, сл. 2; В. Ј. Ђурић, op. cit.,, 15-16; С. Радојчић, Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, X; D. Tasić, Vizantijsko slikarstvo Srbije i Makedonije, Beograd, 1967, X. 9 И. Снегаровъ., История на Охридската архиепископия I, София, 1924, 204-205. 10 А. Grabar, Les revetements en or et en argent des icons byzantines du moyen age, Venise,1975, 13, 35-37, Pl. XVI-XVII, fig. 26-29; Ц. Грозданов, Орнаментиката на расцветаните лисја во уметноста на Охрид од XI-XII век, Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990, 63, 66, сл. 12-14. 11 Г.Острогорски, Историја на Византија, Скопје, 1992, 520. 12 И. Снегаровъ., История на Охридската архиепископия I, София, 1924,140-154. 13 П. Миљковиќ-Пепек, Проучувањата на неколку новооткриени икони кои значително ја збогатуваат македонската колекција, Културно наследство IV, Скопје, 1972, 6, 10-11, Сл. 3-4; Id., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 180-187.
4 За разлика од првата, втората половина на тринаесеттиот век е период кога во Охрид настануваат извонредно значајни уметнички дела од областа на ѕидното сликарство и иконописот. Благодарение на сочуваните фреско-ансамбли по црквите и иконите, кои се понекогаш и точно датирани со натписи и разни записи, денес сме во можност поцелосно да го согледаме развојот на иконографските и стилските особености во творештвото на сликарите од XIII век. Големата икона со претстава на Исус Христос (кат.7) е прва досега откриена икона кај која среќаваме натпис, 14 во кој точно е наведено времето на нејзиното настанување. Имено, на нејзината задна страна, во пет кружни полиња е испишан натпис во кој како нејзин дарител се споменува охридскиот архиепископ Константин Кавасила,15 еден од најобразованите охридски архиепископи, личност која во Охрид играла значајна улога во текот на третата четвртина на XIII век, како и годината на сликањето, 1262/63.16 Судејќи според квалитетот на оваа икона, непознатиот сликар, кој веројатно ѝ припаѓал на некоја од охридските сликарски работилници, поседувал солидни уметнички знаења, здобиени во некоја позрела уметничка средина и бил во тек со најновите ликовни струења кои од Цариград допирале и до останатите црковни центри во внатрешноста, од кои еден несомнено бил и Охрид. Забележливи се неговите обиди за тридимензионално прикажување на човечкото тело и постапно напуштање на нагласениот линеаризам од комненскиот период, меѓутоа во неговата сликарска постапка, сé уште се чувствуваат старите навики. Ваквите старински сфаќања преовладуваат и на иконата Св. Ѓорѓи од Струга.17 Неа, според долгиот грчки запис на задната страна, во 1266/67 година ја насликал зографот Јован, по нарачка на ѓаконот Јован, референдар на Охридската архиепископија. Фигурата на светителот е доста мирна и вкочанета додека неговата опрема, оружјето како и сите орнаменти се изработени со многу поголемо внимание. На крајот на XIII век му припаѓа едно од вистинските ремек-дела на византискиот иконопис кое, по сé изгледа, настанало во Цариград, а во Охрид доспеало најверојатно со некој од новопоставените архиепископи кои во ова време најчесто доаѓале токму оттаму. Станува збор за литиската икона со претстава на Богородица Одигитрија (кат.8) на едната и Распетието Христово (кат.9) на другата страна. 18 Непознатиот автор на оваа икона, кој ги сликал обете страни, несомнено бил од редот на најталентираните зографи на своето време. Главни карактеристики на неговото дело се префинетиот, мек цртеж, богатата палета на бои и високите технички можности при сликањето. 14 В. Ј. Ђурић, op. cit., 75-76; Р. Љубинковиќ-М. Ќоровиќ-Љубинковиќ, Средновековното сликарство во Охрид, Зборник на трудови на Народниот музеј во Охрид, Охрид, 1951, 113, Сл. 5. 15 Id, op. cit., 116; К. Балабанов, Новооткриени икони од XIII, XIV и XV век, Разгледи I, Скопје, 1959, 990-991. 16 К. Балабанов, Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XIII. 17 В. Ј. Ђурић, Иконе из Југославије, Београд, 1961, 75, Т. III; Ф. Баришић, Два грчка натписа из Манастира и Струге, Зборник радова Византолошког института VIII-2, Београд, 1964, 17; П. Миљковиќ-Пепек, Црквата Св. Јован Богослов- Канео, Културно наследство III, Скопје, 1971, 91-93; Id., L’icone de Saint Georges de Struga, Cahiers Archeologiques XIX, Paris, 1969, 213-221; К. Балабанов, Какви податоци дава иконата св. Ѓорѓи, работена во 1267 година од зографот Јован за истоимената црква во Струга, за творештвото на зографот Јован, за личноста на ктиторот и времето на постанокот на градот Струга, Музејски гласник 3, Скопје, 1974, 63-70. 18 Н. П. Кондаковъ, Македония-Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 257-260, Т. IX; М. Кашанин, Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 80, 82-83; П. Миљковиќ-Пепек, Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 47-48, Т. IX-X.; Y. Blažić, Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 12-23, 29, т. I-IV; Ј. Мацан, Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 64-66; В. Ј. Ђурић, op. cit., 4, т. IV-VI; К. Балабанов, Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XIV, т. 4, 8-9; П. Миљковиќ-Пепек, Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 195;
5 Ликот на Богородица е воздржан, но сепак оддава голема болка поради сознанието за судбината на саканиот син, а таа воздржаност и смиреност и во часовите на најголема тага е присутна и во сцената на Распетието на другата страна на иконата, во која распоредот на фигурите е типичен за сликарството од XIII век. Преку иконите, кои во Охрид доаѓале од ателјеата на цариградските или солунските мајстори на иконописот, се пренесувале и новите достигнувања и ликовни струења во сликарството на царските работилници. При обновувањето на Византиското сликарство од времето на императорот Михаил VIII Палеолог (1261-1282), цариградските зографи се служеле со примери кои ги наоѓале во делата на своите претходници од IX и X век. Од нив тие го прифатиле моделирањето на инкарнатот со користење на контрастот на комплементарните бои, топлите и студените, нанесени во проѕирни намази преку окерна основа. Овие новини понепосредно и побрзо пристигнувале во внатрешноста преку низата талентирани сликари кои доаѓале од Цариград и Солун на покана од богатите ктитори, за да ги живописуваат новоизградените цркви и да изработуваат икони за нивните иконостаси. Двајца такви зографи пристигнале во Охрид во последната деценија на XIII век, по покана од великиот хетеријарх Прогон Згур со задача да ја осликаат неговата новоизградена заветнина, црквата Св. Богородица Перивлепта.19 Тоа биле сликарите Михаил и Евтихиј од Солун,20 кои покрај украсувањето на Перивлепта, работејќи повеќе од две децении на овие простори, ги живописале уште и црквите Св. Никита во Скопска Црна Гора и Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане, како и некои цркви во Србија.21 Со тоа тие го заокружиле процесот на развој и вообличување на особениот стил во сликарството, кое во историјата на уметноста ќе биде одбележано како “ренесанса на Палеолозите”, според името на царската династија која со своето долго владеење (1261-1453) ѝ дала белег на целата епоха. Годините на преминот од XIII во XIV век во охридскиот иконопис се одбележани со настанувањето на поголем број дела, од кои најголемиот дел биле наменети за тукушто изградената црква Св. Богородица Перивлепта. Од сочуваните икони од тој период иконата на која е претставен евангелистот Матеј (кат.10) со поголема сигурност може да се поврзе за творештвото на Михаил и Евтихиј, поконкретно за првата сликарска фаза на зографот Евтихиј.22 Величествената фигура на евангелистот, кој во рацете држи отворено евангелие, има во изгледот и во пластичната обработка свои двојници во ликовите на ѕидовите на црквата. На фреските во Перивлепта може да се најдат светители чии глави се мошне слични на главата на Матеј, а во обработката на драпериите се среќава истата постапка како и на неговата облека. И покрај тоа што оваа икона е конципирана и остварена под влијанието на ѕидното сликарство, сепак, жестината на сликарските замисли овде е прилично ублажена. Согледувајќи дека во иконописот не може да работи како на ѕидот, сликарот ги смирил силните контрасти на светло-темното, избирајќи фини хармонии на боите и помеки премини, задржувајќи ги сепак своите карактеристични сфаќања на пластичната обработка. 19 Й. Ивановъ, Български старини изъ Македония, София, 1931, 38-39. 20 П.Миљковиќ-Пепек, Делото на зографите Михаило и Еутихиј, Скопје, 1967, 198, 235-238; Id., Прилог кон сознанијата за солунското потекло на сликарската фамилија Астрапа и за можното поистоветување на зографот Михаило Астрапа со Панселинос, Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, 1979/80, 209-217. 21 Id., Денешните можности за одредување на авторите на фреските во главната манастирска црква на Хиландар, Гласник на Институтот за национална историја 2-3, Скопје, 1966, 203-220; Id., Делото на зографите Михаило и Еутихиј, 51-62, 203-217,224-234. 22 Ibid., 218-220, Т. CLXXXVIII; Id., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 34, 46, Т. V; Id., L’evolution des maîtres Michel Astrapas et Eutychios comme peintres d’icones, Jahrbuch der Österreichichen Byzantichen Gesellschaft, XVI, Graz-Wien-Köln, 1967, 297-303.
6 Специфичните творечки елементи кои се применети при сликањето, на оваа икона ѝ обезбедуваат особено високо место во историјата на византиското сликарство. Една поголема група празнични икони од Перивлепта која ја сочинуваат: Рождество Христово,23 Крштевање Христово (кат.11), Слегување во Ад (кат.12), Томино неверство (кат.13), Подготвување на крстот (кат.14), Воведение на Богородица во храм и Успение на Богородица (кат.15),24 поседува поинакви особини од иконата на Матеј. По бурната и епска уметност на Перивлепта, мајсторите на овие икони смело зачекориле во стилските сфаќања на зрелата уметност од епохата на Палеолозите. Тоа е рафинирана и мека уметност во која фигурите се дадени во хармонични, па дури и женствени движења, уметност со изразита, фино моделирана и сочно обоена пластичност. Сцената е секогаш надополнета со декор од сликана архитектура или пејзаж. Односот на фигурите и заднината е строго пресметан: декорот има одредена улога во општата композиција на сликата-да ги подвлече најважните личности или најбитните линии на структурата. Сето ова укажува дека тие не може со сигурност да се припишат на Михаил и Евтихиј бидејќи, иако покажуваат многу одредени нивни општи карактеристики, покажуваат и доста разлики во однос на нивните познати дела, како од охридскиот, така и од нивниот подоцнежен период. Авторите на овие икони треба да се бараат помеѓу анонимните соработници од нивниот круг, 25 бидејќи во низата византиски сликари кои во своето творештво се впуштиле во потрага по нов стилски израз, тие се меѓу првите кои во потполност тоа и го оствариле. Тоа јасно укажува на нивната припадност на некое поголемо сликарско ателје, какво што било она на Михаил и Евтихиј, кое пак, поникнало во некој уметнички центар во кој творечки се работело на тие проблеми и кој мора да бил далеку позначаен од Охрид во тоа време. Притоа, во прв ред се мисли на Солун кој е најблиску и каде што во мозаиците на Св. Апостоли, како и на фреските во црквите Св. Катерина, Св. Никола Орфанос, Св. Таксијарси или во капелата на св. Ефтимиј во црквата Св. Димитриј, се наоѓаат најсродни остварувања со слична сликарска концепција и уметнички сфаќања. На ваков заклучок упатува и историскиот факт што ктиторот на Перивлепта, за која биле насликани и овие празнични икони, големиот хетеријарх Прогон Згур, уште пред изградбата и живописувањето на својата охридска црква, подигнал своја заветнина во самиот Солун. Тоа била некогашната црква Св. Никола, наречена “Згурова”, која била метох на светогорскиот манастир Зограф. По ова, познавајќи ги добро солунските сликари, ктиторот Згур најверојатно ги повикал да работат во неговата охридска заветнина.26 Со внимателна анализа и споредување на овие икони се доаѓа до заклучок дека ги работеле најмалку тројца зографи. Како најдобар и најпрефинет помеѓу нив се издвојува сликарот кој ги насликал Рождеството Христово, Крштевањето Христово (кат.11), Слегувањето во Ад (кат.12), Томиното неверство (кат.13) и Воведението. Нему би можела да му се припише и големата икона со прекрасен оков од позлатено сребро,27 со претстава на Богородица Перивлепта (кат.16), која била храмовна икона на црквата. Покрај истоветноста во обработката во целина, бројни поединости укажуваат на раката на истиот мајстор. Главата на Христос на оваа икона е насликана на ист начин и со 23 Десната половина од оваа икона денес се наоѓа во Галеријата на икони во Охрид, додека левата е во Народниот музеј во Белград, заведена под број 4030, каде што доспеала некаде во септември 1961 година, кога била приредена изложбата “Икони од Југославија” по повод XII Византолошки конгрес. Во таа прилика, по заслуга на Д-р Дејан Медаковиќ и Д-р Воислав Ѓуриќ, иконата била откупена од сликарот Петар Бибиќ, според чија изјава иконата потекнува од Охрид каде што тој, околу 1938 година, ја добил како подарок. 24 Кон оваа група празнични икони би требало да се придодаде уште и охридската икона Слегување на Св. Дух, која е со ист формат како и другите од оваа група. Денес, заведена под број 4029, и таа се наоѓа во Народниот музеј во Белград каде што дошла на ист начин како и левата половина од Рождеството Христово. 25 П. Миљковић-Пепек,Икона Успења Богородице из цркве Св.Николе-Геракомија у Охриду, Зборник радова Византолошког института LIX, Београд, 1958, 131-135. 26 В. Ј. Ђурић, op. cit., 22. 27 A. Grabar, op. cit., 37, Pl. XVIII, fig. 30.
7 идентично скратување, како и главата на левиот ангел во горниот ред на иконата Крштевање Христово. Иконата Подготвување на крстот (кат.14), каде што фигурите, за разлика од оние на претходно споменатите празнични икони, се знатно поиздолжени, а колоритот е посветол и пожив, е дело на друг уметник. Третиот сликар од оваа група е најслаб - фигурите во неговата композиција Успение на Богородица (кат.15) се лишени од онаа грациозност која беше присутна во сликарството на првите двајца уметници, нивните лица се обработени во потемен колорит, а се разликува и по типовите и по цртежот. Периодот од изградбата и сликањето на црквата Св. Богородица Перивлепта (1295 год.) до паѓањето на Охрид под српска власт (1334 год.), е време кога биле реализирани неколку позначајни градителски и сликарски потфати. Тоа е, пред сé, изградбата на монументалната припрата на охридската катедрална црква Св. Софија (1313/14 год.), како ктиторско дело на архиепископот Григориј I, познат и како книжевник и политичар кој ја уживал довербата на императорот Андроник II Палеолог и неговиот канцелар Теодор Метохит. Името на овој архиепископ во културната историја на Охридската архиепископија е особено познато по песните посветени на големиот учител и мисионер св. Климент Охридски. Во ова време била преземена и една од најзначајните обнови на Климентовата црква Св. Пантелејмон, при што бил изведен живопис, некаде пред самото потпаѓање на Охрид под власта на српската средновековна држава.28 Во ова време се датирани и неколку мошне значајни икони кои, несомнено, во почетокот се наоѓале во Св. Софија, а по нејзиното преобраќање во џамија, во втората половина на XV век, биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која станала и катедрална црква на Охридската архиепископија, а подоцна и архиепископски музеј.29 Особено значајно место помеѓу нив им припаѓа на двете големи литиски икони за кои со доста голема сигурност може да се тврди дека биле насликани во цариградските царски работилници. Се работи за иконите Богородица Психосострија (кат.17) со Благовештението (кат.18) на задната страна и Исус Христос Психосостис (кат.19) со Распетието Христово (кат.20). Епитетите на Богородица и Христос како “душоспасителка”, односно “душоспасител”, ги врзуваат овие икони за матичниот манастир на овој култ, цариградската црква Св. Богородица Психосострија, со што се објаснува и нивното цариградско потекло. Високата уметничка вредност на сликарството на овие икони, а особено на нивните извонредни окови од сребро и емајл,30 уште поубедливо зборуваат во прилог на мислењето дека тоа се производи на некоја царска работилница од византиската престолнина. Тие со право се вбројуваат меѓу најубавите и најуспешните уметнички остварувања во охридската колекција. Сé на нив е од најблагородно аристократско потекло: од ставовите на фигурите, ускладените движења, лесниот и ненеметлив цртеж, па сé до извонредно успешните хармонии на бои. Нивниот сликар, кој несомнено бил еден од најголемите уметници на своето време, имал необично развиено чувство за убавина и сјај на колоритот како и голема инвентивност во изнаоѓањето фини решенија за композициите и фигурите. Во првите децении на XIV век е датирана и престолната икона Богородица Епискепсис (кат.21) 31 која, иако е пронајдена во црквата Мали Св. Врачи, првобитно не била наменета за нејзиниот иконостас.32 28 Ц. Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од XIV век, 32. 29 Й. Ивановъ, op. cit., 42-43. 30 A. Grabar, op. cit., 38-39, Пл. XIX-XXII, fig. 31-36. 31 P. Miljković-Pepek, L’icone de la Vierge Episkepsis d’Ohrid, Културно наследство III, Скопје, 1971, 139-144; Id., Црквата Мали Св. Врачи во Охрид, Културно наследство XIX-XX-XXI, Скопје, 1996, 91-100.
8 Иако порано, гледано според сличноста во општата концепција, се сметало за сосем веројатно дека таа е дело на авторот на живописот во апсидата на оваа црква 33 сепак, типовите на Богородица и Христос од оваа икона се доволно различни од ликовите во апсидата за таа да може да му се припише на овој уметник. И во новосоздадените услови по 1334 година, кога во Охрид била воспоставена власта на српската држава, активностите на сликарски план не стивнуваат. Една од првите било сликањето на групниот ктиторски портрет на српското кралско семејство, на надворешната страна на јужниот ѕид од црквата Св. Никола Болнички,34 по нарачка на архиепископот Никола. Тој е насликан лево од бистата на св. Никола во лунетата над влезната врата, додека десно од вратата се портретите на кралот 35 Стефан Душан, кралицата Елена, младиот крал Урош и св. Сава и Симеон Немања. Архиепископот Никола, кој на престолот на Охридската архиепископија дошол по интервенција на цар Душан како негов човек од доверба, бил доста значајна личност во црковниот и политичкиот живот на своето време. Тој бил и еден од најзначајните ктитори во историјата на охридската црква и покрај тоа што границите на охридската диецеза за време на неговото архиерејство биле најмали. Меѓутоа, неговата архиепископска положба, а уште повеќе моќта стекната преку поддршката и соработката со цар Душан и со највлијателните личности на царството, му служеле како сигурна основа при преземањето на сите потфати за подигање и живописување на црковни објекти. Во ова време било завршено и сликарството на спратот на нартексот на Св. Софија од страна на зографот Јован Теоријан, кој бил ангажиран од страна на архиепископот Никола 36, а нешто подоцна, на брегот на Охридското Езеро, во близина на манастирот Св. Наум, била изградена и живописана црквата посветена на св. Богородица Захумска. Според сочуваниот натпис над влезната врата,37 црквата била подигната во 1361 година со средства и залагање на ќесарот Гргур и деволскиот епископ Григориј, во времето на српскиот крал Стефан Урош. И во областа на иконописот приликите се нешто изменети во однос на претходната епоха. Додека во времето на византиската власт најголемиот број икони доаѓале во Охрид од големите уметнички центри на царството, Солун и Цариград, сега се јавуваат нови влијанија и сили кои играат значителна улога, како при самата изработка на иконите така и во конципирањето на стилот. По записите и натписите што се среќаваат на иконите од овој период се гледа дека сега и пошироките општествени слоеви се вклучуваат во обезбедувањето на црквите со икони, а не само владетелите, највисоката властела и архиепископите, како што тоа било порано. На иконите се јавуваат разни стилски одлики во зависност од нивното потекло и сликарската наобразба на самите творци. Делата кои потекнуваат од времето на српската власт може грубо да се систематизираат во три групи: во првата се оние кои биле набавени во Солун или настанале во најнепосреден допир со солунското сликарство; во втората група се оние дела што биле создадени под влијание на западната уметност од византиско потекло, а во третата би дошле иконите работени од локални уметници, кои, независно од нивното етничко потекло, живееле и создавале во Охрид. 32 Оваа икона првобитно имала поголеми димензии од сегашните (cca 135 x 65 см.) 33 В. Ј. Ђурић, Византијске фреске у Југославији, 69, бел. 80; Id., Иконе из Југославије, 29-30, 91, Т. XXXVI. 34 Околу времето на настанувањето на црквата и нејзиниот живопис досега се изнесени различни мислења: К. Балабанов, Нови податоци за црквата Св. Никола Болнички во Охрид, Културно наследство II, Скопје , 1961, 32, црт. 1, сл. 1, кој ја датира во 1312/13 год; П. Миљковић-Пепек, О датирању фресака охридске цркве Св. Николе Болничког, Зборник Светозара Радојчића, Београд, 1969, ја датира во 1335/36, а Г. Суботић, Време настанка цркве Св. Николе Болничког у Охриду, Зограф, 3 Београд, 1969, 16-17, во 1345/46 година; В. Ј. Ђурић, Византијске фреске у Југославији, 67. 35 Титулите крал и кралица кои ги носеле Душан и Елена во времето на сликањето на нивните портрети во Болничката црква, покажуваат дека фреските настанале пред пролетта 1346 година, кога Душан се крунисал за цар. 36 В. Ј. Ђурић, Црква Св. Софије у Охриду, Београд, 1963, IX-X; Id., Византијске фреске у Југославији, 68. 37 Й. Ивановъ, op. cit., 55.
9 Двете најстари икони од овој период, кои пак, според своите димензии се и најголеми во охридската збирка, најверојатно биле престолни икони на иконостасот на катедралната црква Св. Софија. Тоа се иконите Исус Христос (кат.23), и Богородица Психосострија (кат.24). Ако се суди според нивните речиси идентични размери, имајќи ги притоа во вид стилот и начинот на обработка на материјалот, лесно може да се заклучи дека и двете потекнуваат од иста работилница, па дури и од раката на ист сликар од средината на XIV век. Нежната моделација на ликовите, особено на малиот Христос, одмереноста на ставовите и движењата како и мајсторската употреба на боите, укажуваат на сликар кој бил воспитуван во духот на солунското сликарство. Обете икони имаат сребрени окови изработени во техника на исчукување. На рамката на оковот на иконата на Богородица, меѓу фигурите изработени во релјеф се наоѓа и ликот на архиепископот Никола,38 додека на долната рамка од оковот на Христовата икона има аплициран грчки натпис во кој како нејзин дарител се споменува севастократорот кир Исак Дука-Керсак, командант на коњаницата на цар Душан. 39 Кон оваа група се приклучува и литиската икона Богородица Одигитрија на едната и Благовештението на другата страна, која најверојатно настанала во третата четвртина на XIV век, а денес се наоѓа во Народниот музеј во Белград.40 Високото мајсторство и големата вештина на уметникот, како и достоинствениот изглед на насликаните ликови, зборуваат дека се работи за талентиран сликар кој умеел да оствари монументални ефекти во своето дело. Втората група икони, онаа во која провејува духот на западната уметност од византиско потекло, во Охрид е застапена со иконите Богородица со Христос (кат.25) и Св. Никола. 41 Нивната идентична големина покажува дека се пандани, а стилот дека потекнуваат од иста уметничка работилница, која очигледно била под западно влијание. Невообичаениот изглед на Богородица, која според типот битно се разликува од најголемиот број византиски дела на кои таа е претставена како зрела жена, најочигледно зборува во прилог на тврдењето за западните влијанија. Овде таа е претставена како млада и нежна мајка, на која сликарот се трудел да ѝ даде што поприроден изглед. Лицето ѝ го обработил со меки и постапни премини од светло во сенка, а и самата обработка на драпериите се разликува од византиската стилизација и постапка. Облеката на Христос е работена со особено чувство за реализам што е особено видливо во изгледот и природноста на наборите кои ја следат анатомијата на телото и неговите движења. На главата на Богородица, наместо грчка капа, под мафорионот ѕирка син превез, каков што употребувале италијанските сликари уште од XIII век. За жал, за сликарството на другата икона на која е насликан св. Никола, не може нешто поодредено да се каже бидејќи само главата е оригинална, а и на неа нема некои поизразити особености кои би можеле попрецизно да одговорат на прашањата сврзани за нејзиното настанување и нејзиниот автор. По сé изгледа дека и оваа икона ја работел сликар кој бил образуван на Запад, но не истиот оној кој ја насликал Богородица со Христос. 38 Й. Ивановъ, op. cit., op. cit., 36-37. 39 Ц. Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од XIV век, Охрид, 1980, 35-37. 40 Д. Милошевић, Једна Охридска икона у Народном музеју, Зборник радова Народног музеја I-1956/57, Београд, 1958, 187-205, сл. 1-2, 4-5, 7. Околу 1930 година иконата му била дадена на кралот Александар како подарок од охриѓани и била сместена во дворската капела на Дедиње од каде што во 1951 година, со одлука на Маршалатот, доспеала во Народниот музеј во Белград, каде што е заведена под број 2316. 41 В. Ј. Ђурић, Иконе из Југославије, 25-26; М. Татић - Ђурић, Охридска Богородица Утешитељка, Зборник радова Народног музеја, XIII-2, Београд, 1987, 31-39, сл. 1-2; P. Miljković-Pepek, L’icone de la Vierge Episkepsis d’Ohrid, Културно наследство III, Скопје, 1971, 139-144; Id., Deux icons nouvellement découvertes en Macédoine, Jahrbuch der Österreichichen Byzantichen Gesellschaft, XXI, Wien, 1972, 208.
10 На сребрените окови на овие икони се среќаваат декоративни елементи кои се заеднички и за византиското и за италијанското златарство од средината на XIV век, но и такви, како што се типовите на лицата, наборите на драпериите и пропорциите на фигурите, кои не се во духот на византиската уметност, туку се речиси во целост изработени според западните, романо-готски сфаќања. Историски извори кои прецизно би одговориле на прашањето од каде тој наплив на западни стилски елементи на овие охридски икони за жал не постојат. Меѓутоа, факт е дека во внатрешноста на српската држава во втората четвртина на XIV век се појавуваат таканаречените “pictores graeci”, претежно Грци кои работеле на јадранското приморје, најмногу во Котор и Дубровник. Со самото ширење на српската средновековна држава и потпаѓањето на Македонија под нејзина власт, стилските концепции и сфаќања на овие сликари допреле и до Охрид. Како посебна се издвојува третата група охридски икони, главно од втората половина на XIV век, икони кои настанале во локалните сликарски работилници. Композицијата Воведение на Богородица (кат.26), која што е насликана на задната страна на иконата Богородица Перивлепта (кат.17), ѝ припаѓа на оваа група. Карактеристичните деформации на физиономиите и прилично ограничената употреба на бојата на оваа икона, укажуваат на ракописот на сликарот кој, околу 1364/65 година, ги насликал фреските во капелата посветена на св. Григориј која на северната страна на црквата Св. Богородица Перивлепта ја подигнал деволскиот епископ Григориј.42 Практиката, сликарите кои го работеле живописот во црквите, да сликаат и икони за нивните иконостаси била, изгледа, доста честа во охридските цркви. Така, сликарот на живописот во Св. Богородица Болничка ги насликал и царските двери за нејзиниот иконостас.43 На сочуваното лево крило, со изразита пластичност се насликани фигурите на пророкот Соломон и архангелот Гаврил (кат.27). Силните контрасти на светло-темното и паралелните бели цртички како светлосни акценти на лицата се идентични со постапката и типовите на светителите во медалјоните на северниот ѕид на оваа црква.44 Заемната поврзаност на ѕидното сликарство и иконописот во втората половина на XIV век, меѓусебната зависност на стилските сфаќања и континуитетот во работењето го потврдуваат постоењето на локални сликарски работилници во Охрид. И покрај тоа што во нивната активност нема некоја поголема оригиналност и специфичен ликовен израз, мајсторите од овие работилници покажуваат добро познавање на занаетот и современите ликовни текови во сликарството. Кон крајот на столетието настанале и царските двери од црквата Св. Константин и Елена (кат.28). Живата и извиена, но по малку и неприродна линија на телата на архангелот и Богородица и необично набраните, но развиорени драперии, ја доловуваат нивната внатрешна возбуда. Нивниот творец, кој секако располагал со завидно познавање на сликарскиот занает, бил можеби и еден од сликарите кои го извеле и живописот во оваа црква. Единствено дело од последната четвртина на XIV век, кое по својата уметничка вредност далеку ги надминува сите современи остварувања, е литиската икона со претставите на св. Климент (кат.29) и св. Наум Охридски (кат.30). Двајцата словенски светители се претставени во иконографски облик кој бил вообичаен во охридското сликарство од XIV век. Нежната моделација на ликовите, префинетиот цртеж и сензибилната колористичка хармонија се мошне блиски на стилот на особено 42 В. Ј. Ђурић, Византијске фреске у Југославији, 73. 43 В. Ј. Ђурић, Иконе из Југославије, Београд, 1961, 29-30. 44 Ibid., 28-29.; Г. Суботић, Свети Константин и Јелена у Охриду, Београд, 1971, 63-64, 90.
11 талентираниот сликар Јован Теоријан, кој нешто порано, околу 1346/50 година, ги насликал и фреските на катот на нартексот на катедралата Св. Софија.45 Кога во 1395 година во градот под Самоиловата крепост била воспоставена османлиската управа,46 активноста на зографските работилници не престанала одеднаш. Фактот што по потпаѓањето на Македонија под турска власт Охридската архиепископија не била укината, има особена важност за одржување на континуитетот на уметничкото творештво во Охрид и во Македонија пошироко. Меѓутоа, продукцијата на сликарски дела во овој период била значително намалена, а евидентен е и падот на квалитетот на новосоздадените дела. Наглото осиромашување на населението во голема мера допринело да се намали и побарувачката на икони, поради што се растуриле многу зографски тајфи, а и оние што останале морале да се прилагодат на новонастанатите прилики, работејќи на мал, локален терен и за крајно ниска цена што можеле да ја платат ретките нарачатели. Сепак, и во ваквата ситуација, Охрид бил во најдобра положба во однос на другите градови и региони што биле под османлиска управа. За разлика од почетокот на XV век, кога настанал извесен вакуум во творештвото на зографите во Охрид, веќе кон средината на векот се чувствува извесно заживување на полето на сликарството. Иако можностите на сликарите биле доста ограничени, сепак бројот на новонасликаните икони постапно се зголемувал. Некаде на почетокот на втората половина на XV век настанало едно дело, кое според своите ликовни квалитети зазема значајно место во ликовното творештво од периодот на османлиската власт во Охрид. Тоа се царските двери од црквата Св. Богородица во охридското село Ботун (кат.33).47 Насликани се, најверојатно, од раката на некој локален сликар од Охрид кој сосема добро го познавал занаетот. Мекиот цртеж, нежната моделација на лицата и фигурите и изедначениот колорит се основните одлики на оваа икона, чиј автор се одликува уште и со истенчено чувство за убавина и бил еден од најдобрите во своето време. На крајот на XV или на самиот почеток на XVI век, во некоја од охридските работилници бил изработен и големиот крст од иконостасот на црквата Св. Димитриј во Охрид. Во втората четвртина на XVI век на чело на Охридската архиепископија се наоѓал Прохор (околу 1525-1550),48 еден од најистакнатите архиепископи од времето на турската власт. Тоа било време на средување на приликите во Охрид, по претворањето на црквите Св. Софија и Св. Пантелејмон во џамии. Тогаш моштите на св. Климент биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта и положени во нова гробница во која, по негова желба, бил погребан и архиепископот Прохор во 1550 година, за што сведочи и натписот со годината и неговото име, дополнително издлабен на плочата на Климентовиот гроб.49 Прохор бил познат како борец за проширување на архиепископската диецеза и настојувал таа да го стекне поранешниот углед и место на една од вселенските православни црковни институции, упорно бранејќи ги правата на Архиепископијата за кои сметал дека историски ѝ припаѓаат. 45 В. Ј. Ђурић, Византијске фреске у Југославији, 68-69; Id., Црква Св. Софије у Охриду, Београд, 1963, X; Id., Иконе из Југославије, 31-32, 93, Т.XLI-XLII; П. Миљковиќ-Пепек, Проучувањата на неколку новооткриени икони кои значително ја збогатуваат македонската колекција, Културно наследство IV, Скопје, 1972, 7; G. Babić, Ikone, Yagreb, 1980, 25; П. Миљковиќ-Пепек, Црквата Мали Св. Врачи во Охрид, Културно наследство XIX-XX-XXI, Скопје, 1996, 91-95. 46 Б. Панов, op. cit., 809. 47 К. Балабанов, Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XXV, т. 51; Id., Иконите во Македонија, Скопје, 1995,214,кат. 50. 48 Ц. Грозданов, Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990, 150-158. 49 Й. Ивановъ, op. cit., 40; Д. Коцо, Надгробната плоча на Климент Охридски, Материјали од научен собир 1986 по повод 1100 годишнината од доаѓањето на Климент во Охрид,, МАНУ, Скопје, 1989, 279-284.
12 Една од најзначајните појави врзани за името и покровителството на Прохор е процутот на Слепченскиот книжевен и препишувачки центар во манастирот Св. Јован Продром кај Демир Хисар. По негова нарачка, а по заслуга на неговиот долгогодишен близок соработник Висарион Дебарски, во овој манастир биле препишани или приредени поголем број црковни книги, а неговото име е поврзано и со ктиторството на монументалната трпезарија на манастирот Дохијар на Света Гора, завршена во 1547 година. Во времето на овој архиепископ, во епархиите и манастирските центри блиски на Охрид, започнала интензивна активност на книжевен и ликовен план, особено на полето на иконописот. Бројот на новоизработени икони е во постојан пораст во однос на бројот на новоизградени и живописани цркви. Едно од позначајните иконописни дела од овој период е иконата Исус Христос Спасител од охридската црква Св. Јован Богослов-Канео, од околу 1534/35 година. 50 Нејзиниот автор, зографот Јован Тодоров од Грамоста,51 кој се одликува со рафиниран и прецизен цртеж и изедначен, но жив колорит, создал дело во кое е најизразен стремежот за достигнување на сликарското ниво од претходните епохи. Иконите со претстава на Исус Христос, односно Богородица со Христос,52 од црквата Вознесение Христово во селото Лескоец кај Охрид, спаѓаат во ретките датирани примероци од XVI век. Во натписите се споменува годината 1565 , како и имињата на нивните дарители, Георгиј на иконата на Богородица и Димитриј на иконата со претстава на Христос.53 Во XVI век во Охрид делувале повеќе сликарски работилници кои ги задоволувале потребите на целиот регион, а работеле и за нарачатели од други места ширум Македонија. Покрај веќе споменатите, за ова сведочат уште голем број икони, не само од Охрид и неговата околина туку и од повеќе други места надвор од овој регион. Овде, пред сé, треба да се споменат иконите од црквата Св. Никола Болнички во Охрид, едната со претстава на Исус Христос и другата на која е претставено мачењето на св. Јаков Персиски (кат.34). На истиот круг охридски сликари му припаѓа и иконата Успение на Богородица од црквата Св. Богородица Болничка во Охрид. И во XVII век иконописот е една од основните преокупации на локалните зографи во Охрид, меѓутоа падот на сликарските вредности е повеќе од очигледен. Меѓу причините за тоа е секако и тешката економска положба во која тогаш се наоѓала Охридската архиепископија, инаку еден од најголемите нарачатели на икони во минатото, која сега не прави ни најмали нарачки. Во последните децении на векот ликовното творештво во охридскиот уметнички центар како да го губи здивот и претставува само бледа сенка на извонредните остварувања од претходните епохи. Зографите како да ги исцрпеле сите можности за ликовно изразување. Покажуваат голема неинвентивност при компонирањето на фигурите и сцените, несигурност во цртежот и пластичната обработка на формите, а и гамата на бои е посиромашна и доста неблагородна. Една од иконите кои настанале во овој период е претставата на Деисизот од 1674 година, насликана на задната страна на веќе споменатата икона Исус Христос Спасител од охридската црква Св. Јован Богослов-Канео. Овде непознатиот иконописец се претставил како мошне слаб цртач кој речиси воопшто не води сметка за пропорциите на 50 К. Балабанов, Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, Т. 57. 51 М. Машниќ, Јован Зограф и неговата уметничка активност-досегашни и најнови сознанија, Културно наследство XXII- XXIII, Скопје, 1997, 69-77, сл. 12. 52 Во 1962 година оваа икона му била дадена на Јосип Броз-Тито како подарок од граѓаните на Македонија и била сместена во музејот “25 мај” во Белград, каде што се наоѓа и денес. 53 Р. Љубинковић, Црква Светог Вазнесења у селу Лесковецу код Охрида, Старинар, Нова серија, Књига II, Београд, 1951, 215, сл. 24-26.
13 насликаните фигури, а и колоритот, во кој преовладуваат жолтата и црвената боја, е мошне ограничен и неуедначен. И поголем број други икони, насликани во втората половина на XVII век укажуваат на несопирливиот пад на уметничките вредности, меѓутоа веќе самиот почеток на XVIII век како да навестува подобри денови за сликарството во охридскиот ликовен центар, особено за иконописот. Новите стремежи во сликарството, при што и цртежот и колоритот, како на самите ликови така и на нивните одежди и украсни елементи, се третираат на пореалистичен начин, се присутни во охридскиот иконопис уште во првите децении на столетието, во кое сликањето на икони и натаму ќе остане една од основните активности на зографите. Во 1711 година, за новоизработениот иконостас на црквата во манастирот Св. Наум, биле изработени поголем број икони. Нив ги насликал еромонахот Константин, кој се претставил како веќе зрел уметник, со особен стил и сосема јасен приод во компонирањето. Неговиот стил покажува доста сличности со сликарството на светогорските зографски работилници од крајот на XVII и првата половина на XVIII век, што на некој начин го посочува и местото на неговата сликарска наобразба. Во сликарството на овие икони, особено при сликањето на фигурите, зографот Константин го зачувал современиот манир на поствизантиската уметност со извесни елементи на композициона строгост, меѓутоа при сликањето на помошните елементи и деталите, евидентни се барокните влијанија и неговото отворање кон западната уметност. 54 Покрај солидната техничка изработка и тенденцијата за рационално користење на просторот и распоредување на фигурите и предметите во него, најголеми квалитети во сликарството на зографот Константин се цртежот и колоритот. Во периодот од почетокот на XVIII век до 1767 година, односно до укинувањето на Охридската архиепископија, со поголема сигурност може да се датираат поголем број икони кои денес се наоѓаат во охридските цркви. Овде, пред сé, би требало да се споменат иконите Крштевање Христово и Слегување на Св. Дух од црквата Св. Никола Геракомија во Охрид. Приближно на истиот период, средината на XVIII век, му припаѓа и охридската икона, една од ретките со ваква претстава, на која е претставена св. Марина (кат.40) со дванаесет сцени од нејзиното житие, дело на зографот Константин Шпатараку од с. Шпат кај Елбасан во Албанија.55 Новонастанатите економско-политички прилики во македонското општество кон крајот на XVIII и особено првата половина на XIX век, мошне позитивно се одразиле и на полето на сликарството во Охрид и охридскиот регион. Развојот на занаетчиството и трговијата овозможил зголемена и забрзана изградба на нови цркви во кои се изработувал живопис, како и голем број нови икони за нивните иконостаси. Во овој период сликарството бележи особен развој, како по бројот на новонастанатите ликовни дела така и според нивниот квалитет. Во творештвото на зографите од овој период е мошне присутна приврзаноста кон традицијата и уметничкото искуство, претежно засновани врз утврдените канони во сликарството на светогорскиот монашки и духовно-религиозен центар. Овие сликари кои се школувале во монашките ателјеа или во другите уметнички центри, постапно ги пренесувале во Македонија ликовните струења и новини што произлегувале од поствизантиската естетика. Врз основа на нивната креативна работа и уметнички достигнувања се создавала поволна уметничка клима која била поддржувана како од манастирските центри, така и од црковните организации во поразвиените градски и селски средини. 54 Ц. Грозданов, Свети Наум Охридски, Скопје, 1995, 67-82, т. VII-XI сл. 50-57. 55 Ц. Грозданов, Портрети на светителите од Македонија од IX - XVIII век, 216-219, сл. 70-71; Е. Попова, За авторството на иконата св. Марина с житие в Галерията на икони-Охрид, Проблеми на изкуството 3, БАН, София, 1998, 33-39.
14 Неколку икони од црквата Големи Св. Врачи се вбројуваат во редот на првите сигнирани и точно датирани дела кои настанале во Охрид, во првата половина на XIX век. На иконата Исус Христос, насликана во 1826 година, го среќаваме потписот на зографот Атанасиј Магарович, додека иконите со претстава на Св. Спиридон, Антониј и Сава од 1836 и Св. Екатерина и Меркуриј од истата година, ги изработил Христо Константинов од Самарина. Во делото на овие мајстори е присутен веќе целосно афирмираниот нов приод во сликарството, со сигурен цртеж и жив колорит, при што особено внимание се посветува на барокните детали и украси. Изградбата на повеќе цркви во Охрид и Струга како и во околните села, отворила широко поле за работа на сликарите. Со вака зголемените потреби од уметнички дела, охридскиот регион повторно станува мошне привлечен за возобновените и новоформираните зографски тајфи кои претежно доаѓале од малореканскиот крај. Нивните многубројни иконописни дела кои ги среќаваме во речиси сите цркви во Охрид и околината говорат за долгогодишниот престој и уметничка активност на овие сликари во охридскиот регион. Во црквата Св. Ѓорѓи, која се наоѓа во влашкото маало во Охрид, во 1840 година икони работел зографот Михаил од селото Самарина во Епир. Овој талентиран зограф и неговиот син Димитар формирале сликарска работилница во манастирот Св. Јован Бигорски кај Дебар благодарение на извонредната активност на игуменот на овој манастир Арсениј 56 од Галичник. Инаку, овие сликари за прв пат во македонската уметност се јавуваат во 1826 година во Битола, како веќе формирани уметници.57 Нивните значајни сликарски остварувања ја овозможиле подоцнежната самостојна работа на Михаил во охридскиот крај, бидејќи во меѓувреме, во 1832 година, неговиот син Димитар се замонашил во Бигорскиот манастир под име Даниил.58 Поголемиот дел од иконите на големиот иконостас на црквата Големи Св. Врачи во Охрид, се дело на една зографска тајфа во која главни мајстори биле Мануил Георгиев и Константин Јованов од селото Селица, Костурско.59 Од сочуваните натписи се гледа дека иконите настанале во 1850 и 1851 година. Кон средината на векот стопанскиот подем на нашите градови овозможил нивно постапно прераснување и во културни упоришта од големо значење за подигнувањето на националната свест на македонскиот народ. Мошне нагласената активност во сите области на уметноста континуирано продолжува и во втората половина на XIX век. Сега зографите се веќе опремени и со сликарски прирачници кои биле преведувани од грчки или руски јазик, но тие во нив внесувале и сопствени дополненија на својот говорен јазик. Зографскиот занает станал доста ценет и привлечен бидејќи бил прилично доходовен. Еден од најпознатите зографи од деветнаесеттиот век е Дичо Крстев од селото Тресонче, Дебарско.60 Негово прво, досега познато дело во Охрид, е иконата со 56 А. Николовски, Уметноста на XIX век во Македонија, Културно наследство IX, Скопје, 1984, 12. 57 М. Машниќ, Дела од раната фаза од творештвото на Михаил Анагност и син му Димитар-Даниил, Зборник на Музејот на Македонија, Нова серија бр. 2, средновековна уметност, Скопје, 1996, 265-281. 58 J Ј. Тричковска, Западњачки утицаји на црквено сликарство у Македонији преко зографа Михајла и Димитра из Самарине, Зборник радова Западноевропски барок и византијски свет, Београд, 1991, 208-209; М. Машниќ, Дела од раната фаза од творештвото на Михаил Анагност и син му Димитар-Даниил, Зборник на Музејот на Македонија, Нова серија бр. 2, средновековна уметност, Скопје, 1996, 269, ф. н. 31а. 59 А. Николовски, op. cit., 15. 60 К. Балабанов, По повод сто години од смртта на Дичо Крстев Зограф од село Тресанче , Музејски гласник, 2, Скопје, 1973, 7-18.; А. Николовски, Уметноста на XIX век во Македонија, Културно наследство IX, Скопје, 1984, 17-18.; Id., Иконописот во црквата и параклисот на манастирот Света Пречиста, Света Пречиста Кичевска, Скопје, 1990, 96-110.; Ј. Тричковска, Живописот во манастирската црква Богородица Пречиста-Кичевска, Света Пречиста Кичевска, Скопје, 1990, 67-94.; Е. Алексиев, Дичо Зограф, иконопис, Скопје, 1997, 6, 50-55.
15 претстава на Богородица со Христос, наречена Пантонхара (кат.41), од црквата Св. Јован Богослов-Канео, насликана во 1844 година. 61 За време на својот престој во Охрид, каде што во 1862 година го префрлил тежиштето на својата сликарска активност, Дичо станал еден од најбараните зографи. Во овој период тој изработил поголем број икони, истовремено сликајќи и фрески во некои од охридските цркви, а најчесто ги обновувал старите иконостаси по црквите или пак ги досликувал недовршените. Во оваа година Дичо го обновил иконостасот во црквата Св. Никола Геракомија која подоцна, во 1864 година, и ја живописал. Според сочуваниот натпис, на 20 ноември 1862 година, го завршил сликањето на две сцени на западниот ѕид на наосот на Св. Богородица Челница, а работел и на декорацијата на куќата на познатото охридско семејство Робеви. Во декември истата година, ја насликал и иконата Св. Седмочисленици со св. Еразмо и св. Јован Владимир, како и иконите Крштевање Христово и Распетието во црквата Св. Богородица Перивлепта. Во наредната, 1863 година, работел на живописот во црквата Успение на Богородица-Каменско, а оттогаш е и иконата на која се претставени св. Кирил, св. Климент и св. Методиј. Во црквата Св. Богородица Болничка се сочувани три икони од овој период на Дичо, на кои се претставени по неколку светители, од кои две се потпишани и датирани во 1864 година. Една од пообемните работи што Дичо ги реализирал во Охрид во 1866 година, е обновувањето на големиот дрвен иконостас во црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент). Тука тој обновил и неколку стари икони при што ги пресликал само одеждите на светителите, оставајќи ги непресликани нивните ликови и откриените делови од телото, со што на најдобар начин го изразил својот однос кон постарото сликарство и почитта што ја имал спрема своите претходници-зографи. Сликарската активност во Охрид и неговиот регион уште повеќе се зголемила во втората половина на XIX век. Во овој период голем број зографи со своите тајфи работат во овие краишта, живописувајќи ги бројните цркви што се граделе, особено по селата, и сликајќи стотици поголеми и помали икони. Така на пример, во 1872 година, неколку зографи од родот на Фрчковци од Галичник, Христо, Исаија, Серафим и Кузман Макариеви, го насликале живописот во црквата Св. Ѓорѓи во Струга. Нешто подоцна, според сочуваниот натпис во 1889 година, по нарачка на попот Јован и неговата жена, непознат мајстор ги насликал двете кубиња на црквата Св. Ѓорѓи во влашкото маало во Охрид. Бројот на зографите кои останале верни на традицијата и искуствата од првата половина на векот и биле со јасно изразена индивидуалност постапно се намалувал. Повеќето сликари сега работеле и во уметничките средини на соседните земји, со што македонската ликовна уметност и култура доаѓала во непосреден допир и со културата и уметноста на тие народи. Кон крајот на деветнаесеттиот век зографите веќе чувствуваат потреба за осовременување на стилот и ликовниот израз. Нивните дела создадени во овој период во голема мера се оддалечуваат од класичните иконографски сфаќања, тежнеејќи кон еклектичен и послободен начин на изразување. Постапно се менува структурата на композицијата со внесување на ликовни форми и дух на промени во религиозното сликарство со што тоа сé повеќе добива профан карактер. Во настојувањето да стекнат повисок степен на ликовна култура, преку контакти и школување во поразвиените културни и уметнички центри како што се Москва, Киев, Петроград и др., зографите ги прифаќаат ликовните струења и насоки кои доаѓале оттаму. 61 К. Балабанов. op. cit., 10.; Е. Алексиев, op. cit., 6.
16 Дејноста на овие зографи продолжила и во првите децении на XX век, со сé поприсутните стремежи за напуштање на шематизираните византиски формули во црковното сликарство и внесување на ликовни елементи кои ќе придонесат за суштествена промена на неговиот карактер.
17 КАТАЛОГ
18 1. Св. Василиј Велики и св. Никола, околу 1045/50 година. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 110 х 74,5 х 3,5 см. Инв. бр. 272 На иконата се претставени двајцата архиереи-литургисти св. Василиј Велики и св. Никола во цел раст. Св. Василиј е облечен во темнокафеав стихар, темнозелен фелон и светлосив омофор кој е украсен со златни крстови во вид на детелина, исполнети со минуциозно изведени орнаменти. Истата орнаментика се наоѓа и на десната надракавица, набедреникот, околувратникот и на еден мал остаток од епитрахилот. Во левата рака држи затворено евангелие кое го придржува со десната рака. Корицата на евангелието е златна и богато орнаментирана. Инкарнатот на лицето е изведен со окерномаслинест тон, со благи премини во темномаслинест кај сенките. Неговата коса, брада и мустаќи се минуциозно изведени, при што врз темнокафеавата основа се извлечени тенки црни влакна и прамени. Св. Никола е исто така облечен во архиерејска одежда. Неговиот стихар е темносин, фелонот му е нијансиран со светлосини и розови тонови, а врз него има сивкаво-зелен омофор со големи, црни крстови. Во левата рака држи затворено евангелие со богато орнаметирана корица, а со десната благословува. Речиси на истите делови како и кај ликот на св. Василиј, се повторува слично изведена орнаментика. Инкарнатот на св. Никола е изведен со топол окерен тон, со кафеаво сенчење и црвенило на образите. Косата, брадата и мустаќите се со темно обоена основа, на која со куси светли цртички се извлечени проседи влакна. Легендите: Ο ΑΓ[ΙΟϹ] ΒΑϹΙΛΕΙΟϹ и Ο ΑΓΙΟϹ ΝΙΚΟ[Λ]Α[ΟϹ] и тенката линија на ореолите се изведени со црвена боја врз златната заднина. Утврдено е дека иконата првобитно поседувала позлатен сребрен оков што бил поставен по широчина од 8,5 см. на полето од рамката. И з л о ж б и: Ватикан, 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Миљковиќ-Пепек П., Проучувањата на неколку новооткриени икони кои значително ја збогатуваат македонската колекција, Културно наследство IV. Скопје, 1972, 5-6, 10, сл. 1-2; Миљковиќ-Пепек П., Фреските и иконите од X и XI век во Македонија (во периодот на Самоила и по него), Културно наследство VI. Скопје, 1975, 37, 48, сл. 16; Миљковиќ- Пепек П., За најстарата икона во македонската колекција, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија посветен на Димче Коцо, книга VI-VII, Скопје, 1975, 133-148; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb- Mostar, 1983, 42; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 172-174; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 6, 10, 12, t. 6; Miljković Pepek P., La Collection Macedonienne d’icônes du XIe au commencement du XVe siècle, estratto da XXXIII corso di cultura sull’arte ravennate e bizantina, Ravenna, 1986, 315, fig. 2, 4; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 182-183, кат. 4;
19
20 2. Четириесет Севастиски маченици, втора половина на XI век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 43,5 х 33 х 2,5 см. Инв. бр. 14 Врз златната заднина на оваа икона се претставени четириесетте војници-христијани кои умреле на замрзнатото езеро во Севастија, не одречувајќи се од својата вера. Сцената, која претставува илустрација на страдањата на овие маченици, е последната епизода од нивната легенда која била особено почитувана во византиската престолнина. Голите фигури на војниците кои имаат само платно, завиткано околу колковите, се на различна возраст: од голобради момчиња, преку средовечни мажи, па сé до седокоси или ќелави старци со побелени бради, на кои од бројните рани на телата им тече крв. Насликани се во четири редови, збиено, еден над друг, препуштени на своите страдања, без многу бучни гестови или надворешна драматичност. Нивното внатрешно расположение е изразено преку умерените движења на главите или типизираниот израз на лицата со помош на спуштените краеви на веѓите. Цртежот е со доста нагласена кафеава линија која вешто ги обликува фигурите, следејќи ги сите нивни реакции во процесот на замрзнувањето - од немоќта и тивкото помирување со судбината, па сé до очајничкото обраќање кон Христос со подигнати раце и поглед. И колоритот, кој е сведен на само неколку тонови, е во функција на претставување на бавниот процес на смрзнувањето. Телата се обработени со зеленикава боја или со нијанси на окер, а пластичноста на лицата и експресивноста на изразито крупните очи е постигната со бели акцентирања. Горе, во средината на иконата, е насликан сегмент од небото од кој Христос им подава победнички венци како награда за поднесената жртва, во што е, всушност, содржана и основната идеја на овој хагиографски циклус. Легендата: ΟΙ Α[ΓΙ]ΟΙ ΤΕϹ[ϹΕΡ]ΑΚΟΝΤΑ е испишана со темнокафеава боја. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 108; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 75, т. I; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 1, 17; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, X, сл. 1; Миљковиќ-Пепек П., Фреските и иконите од X и XI век во Македонија (во периодот на Самоила и по него), Културно наследство VI. Скопје, 1975, сл. 15; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 19, sl. 1; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 40, sl. 15; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 177; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 179, кат. 1;
21
22 3. Причестување на апостолите, крај на XI-почеток на XII век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 39 х 33 х 2,5 см. Инв. бр. 282 Во средината на композицијата е претставено причестувањето со леб и вино. На левата страна, под балдахин, во строго фронтална поза е прикажан Исус Христос како со десната рака му дава нафора на св. Петар, а во левата држи четвртина бесквасен леб. Десно, Христос е претставен малку наведнат на левата страна, со путир кој му го принесува на св. Павле. Облечен е во темновиолетов хитон и темносин химатион, со златен клавус на левото рамо. Пред него е поставена чесна трпеза, прекриена со цинобер покривка со орнаментирана златна бордура и златни украси. На трпезата има леб и два златни садови за вино. Лево и десно од Христос, во две збиени групи од по шестмина се претставени апостолите, благо наведнати кон него. Левата група ја предводи св. Петар кој има син хитон со црвен клавус на ракавот и светол, маслинестоокерен химатион. Останатите апостоли во групата имаат сини и сиво-зеленикави хитони со црвени и црни клавуси и маслинестоокерни и бледорозови химатиони. Прв од десната група е апостолот Павле, облечен во син хитон и сивкаво-окерен химатион. Другите апостоли имаат сина, сивкаво-зелена, розова и маслинеста облека. Инкарнатот е моделиран со окер, со сивкаво-маслинести сенчења и бели акценти на истакнатите делови и црвенило на образите. Балдахинот над Христос е розовосивкав со златни лаци. Поставен е на четири столбови со златни капители. Архитектурата зад него е во окерно-розови тонови со бели украси и син фриз во горниот дел. Ореолите на Христос и заднината се златни. Само незначителни траги од црвена боја укажуваат на натписот кој бил испишан лево и десно од калотата на балдахинот. И з л о ж б и: Париз, 1965; Токио, 1967; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 4, 18; Miljković Pepek P., Une icône de la communion des apótres, Χαριστηριον εις Αναστασιον Κ. Κρλανδου, Αθηνα, 1966, 305’409, Pl. CXXVI-CXXXI; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 3, t. 3; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XII, т. 2; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 73-74; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 178; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 9, t. 9; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 19, 47; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 184, кат. 5;
23
24 4. Богородица од Благовештението, почеток на XII век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 111 х 67,5 х 3,5 см. Оков од позлатено сребро. Инв. бр. 12 Заедно со иконата на архангелот Гаврил (кат.5) ја сочинува композицијата Благовештение, која некогаш ја красела олтарната преграда на црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Богородица е претставена како седи на позлатен орнаментиран трон, на перница со црвена боја, а нозете, на кои има темноцрвени обувки, ги држи на подножник кој е исто така црвен. Облечена е во син хитон и темноцрвен мафорион (пресликани во подоцнежно време) со мошне релјефно претставени набори. Во десната рака држи вретено на кое навиткува пурпурно предено. Инкарнатот, во кој преовладува маслинестозелената боја во сенките со бледозелени преливи кон осветлените делови на лицето, е обработен со сосем малку окер и црвенило на образите. Заднината и рамката на иконата се покриени со оков од сребрени плочки на кој во техника на исчукување се изведени флорални орнаменти, фигури и натписот: Ο ΚΥΡΙΟϹ ΜΕΤΑ ϹΟΥ (“Господ е со тебе”). На оковот на горната рамка на иконата се наоѓаат медалјони со ликовите на Христос, Богородица и св. Јован Крстител (Деисиз) и ликовите на родителите на Богородица, Јоаким и Ана. На долната рамка се медалјоните со бистите на св. Андреј и св. Власиј, а на бочните се десетте стоечки фигури на пророците кои во своите списи го навестиле доаѓањето на Богородица. Помеѓу нив се распознаваат Самоил, Давид, Даниил и Захариј. Орнаментираниот метален ореол, емајлните плочки со ктиторскиот натпис, како и украсите од полускапоцен камен на градите на Богородица, се дополнително прицврстени. Ктиторскиот натпис во кој се споменува Лав е изработен на две емајлни вертикални плочки и гласи: ΤΑ ϹΑ ΠΡΟϹΑΓΩ ϹΟΙ ΚΟΡΗ ΠΑΝΑΓΙΑ. ΛΕΩΝ ϹΟϹ ΟΙΚΤΡΟϹ ΟΙΚΕΤΗϹΘ(ΕΟ)Υ ΘΥΤΙϹ (“Невесто пресвета, ти подарувам што е твое, твој верен слуга, свештеник божји Лав”), а се однесува, најверојатно, на охридскиот архиепископ Лав Мунг од почетокот на XII век. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 262-270, т. XI-XII; Снегаровъ И., История на Охридската архиепископия, София, 1924, 197; Филовъ Б., Старобьлгарско изкуство, София, 1931, 57, сл. 42- 43; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 75-80; Мазалић Ђ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939, 124-126; Снегаровъ И., Градь Охрид, София, 1943, 27-28; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 106-108, сл. 2; Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952, 106-08, sl. 2; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 20-21, т. XXX- XXXI; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, X; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 3, 18; Pl. I-III; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 1-2, t. 1-2; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XI, сл. 3, 5; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 278-279, Pl. 279; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 278; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 10, 35- 37, Pl. XVI-XVII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 57-60; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 19, sl. 2-3; Балабанов. К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 184, кат. 2-3; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV- XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 41-42, sl. 16; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 7-8, 12; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 17-18; Грозданов Ц., Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990, 63-66, сл. 12-14; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 191;
25
26 5. Архангел Гаврил од Благовештението, почеток на XII век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 111 х 67,5 х 3,5 см. Оков од позлатено сребро. Инв. бр. 79 Иконата претставува дел од композицијата Благовештение, која ја сочинува со иконата на Богородица (кат.4) и некогаш се наоѓала на иконостасот на црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Архангелот Гаврил, чија фигура на оваа икона е предадена со изразита монументалност, е облечен во сина туника и маслинесто-сивкава наметка со зеленикави и бели осветлувања. Свртен е надесно, со подигната десна рака во знак на поздрав додека левата е целосно уништена. Наборите на облеката на телото на архангелот, кое се наоѓа во движење, се релјефни и доста длабоки. Неговите крилја се насликани со црвена боја врз која со кафеаво и бело е извлечен цртежот на пердувите. Инкарнатот на лицето е со блага моделација и е обработен слично како и на иконата на Богородица-претежно во маслинестозелени тонови, со мала употреба на окер и црвенило на образите. Заднината и рамката на иконата се прекриени со оков од сребрени плочки со иста флорална орнаментика како и на оковот од иконата на Богородица, само што релјефните фигури се различни. Оштетен е во голема мера на горната и, особено, на долната рамка на иконата. На подолгите страни од рамката се претставени стоечки фигури на архангели, четири на левата и пет на десната страна. Некои од нив се облечени во далматика и држат лабарум и сфера во рацете, а некои се во војничка облека, со меч и канија во рацете. Ореолот околу главата на архангелот и фонот под сребрениот оков се златни. Лево и десно од ореолот, на оковот има троделни отвори каде што веројатно биле поставени легенди кои сега недостасуваат. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 262-270, т. XI-XII; Снегаровъ И., История на Охридската архиепископия, София, 1924, 197; Филовъ Б., Старобьлгарско изкуство, София, 1931, 57, сл. 42- 43; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 75-80; Мазалић Ђ., Нешто о иконама из цркве Св. Климента у Охриду, Старинар, књ. XIV, Београд, 1939, 124-126; Снегаровъ И., Градь Охрид, София, 1943, 27-28; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 106-108, сл. 2; Ljubinković R., Umetnički okovi na nekim ikonama riznice Sv. Klimenta u Ohridu, časopis Jugoslavija 5 (Makedonija), Beograd, 1952, 106-08, sl. 2; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 20-21, т. XXX- XXXI; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, X; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 3, 18; Pl. I-III; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 1-2, t. 1-2; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XI, сл. 3, 5; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 278-279, Pl. 279; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 278; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 10, 35- 37, Pl. XVI-XVII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 57-60; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 19, sl. 2-3; Балабанов. К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 184, кат. 2-3; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV- XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 41-42, sl. 16; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 7-8, 12; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 17-18; Грозданов Ц., Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990, 63-66, сл. 12-14; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 191;
27
28 6. Богородица Одигитрија, прва половина на XIII век. Од црквата Св. Врачи Големи во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 105 х 73,5 х 4,5 см. Инв. бр. 62 На иконата е претставена допојасната фигура на Богородица која со десната рака покажува на малиот Христос кого го држи во левата рака. Облечена е во темнокафеав мафорион, порабен со лента тонирана со окер, под кој има темнозелен хитон од кој се гледа само десниот ракав, кој е исто така порабен со двојна окерна лента. Малиот Христос, кој благословува со десната рака, а во левата држи затворен свиток, има син хитон и светлоокерен химатион, шрафиран со злато. Фонот на иконата е златен, меѓутоа е доста оштетен. Нешто подобро позлатата е сочувана во зоните на ореолите кои некогаш, веројатно, биле покриени со окови од кои сега се видливи само траги од клинчињата со кои биле прицврстени. Инкарнатот на лицата на Богородица и Христос е изведен со нежни преливи од бледозелена боја и светол окер, со лазурно нанесено црвенило на образите и светли акцентирања. Гледано во целина, моделацијата е изведена мошне рафинирано, со едно развиено чувство за складност и смиреност на изразот на лицата на насликаните фигури. Извесно отстапување од ваквиот начин на моделирање чини нешто погрубата обработка на раката на Богородица, како и темната линија со која се исцртани лицата што сепак не го намалуваат општиот впечаток. Од натписот на иконата видливи се само мали остатоци испишани со црвена боја. И з л о ж б и: Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Миљковиќ-Пепек П., Проучувањата на неколку новооткриени икони кои значително ја збогатуваат македонската колекција, Културно наследство IV. Скопје, 1972, 6, 10-11, сл. 3-4; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 180;
29
30 7. Исус Христос, 1262/63 година. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Дар од охридскиот архиепископ Константин Кавасила. Темпера, гипсен грунд на штица, 134,5 х 93 х 3,5 см. Инв. бр. 1 На оваа икона од голем формат е претставена моќната биста на Исус Христос, која е нешто стеснета во рамениците во однос на пропорциите на неговата глава, а слична диспропорционалност постои и кај рацете. Десната рака му е подигната во гест на благослов, додека во левата држи затворен бледорозов свиток. Облечен е во темен хитон тониран со виолетовокафеава боја, шрафиран со злато и темносин химатион со црни и сивкаво-сини набори. Инкарнатот е обработен со печен окер со благи премини во темномаслинесто кај сенките и осветлени партии на истакнатите делови на лицето, акцентирани со тенки, бели линии. Косата, брадата и мустаќите се со маслинестокафеава основа на која се извлечени прамените и влакната со темнокафеава и црна боја. Ореолот околу главата на Христос е златен и релјефен, со флорална орнаментика и насликан црвен крст, во кој цветните орнаменти и буквите се изведени со сребрена боја. Врз златната заднина на иконата, околу која има двојна, сликана рамка со темноцрвена и зеленикаво-сива боја, со црвена боја е испишан натписот: Ι(ΗϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ. Инаку, ова е една од најраните точно датирани икони во Македонија. На нејзината задна страна, во пет големи кружни полиња, се наоѓа натпис во кој како нејзин дарител се споменува охридскиот архиепископ Константин Кавасила и годината на сликањето- 1262/63. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 113, сл. 5; Балабанов К., Новооткриени икони од XIII, XIV и XV век, Разгледи, скопје, 1959, 990- 991; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 75-76, т. II; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 3, 18; Pl. V; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 4, t. 4; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XII-XIII, сл. 15; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 280; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 280; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 20, sl. 8; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb- Mostar, 1983, 75, sl. 29; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 191; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 10, 13, t. 10; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 20, 48; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 186-187, кат. 9;
31
32 8. Богородица Одигитрија, втора половина на XIII век. Литиска икона (на другата страна е Распетието Христово). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 95,5 х 65 х 2,5 см. Оков од позлатено сребро. Инв. бр. 2 Богородица е претставена во допојасна, фронтална поза, со малиот Христос во левата рака. Облечена е во темновиолетов мафорион со окернозлатна бордура под кој, на главата ѝ се наѕира светла, зеленикаво-сина грчка капа. Хитонот, од кој е видлив само долниот дел од десниот ракав, е зелен, порабен со златна лента. Лицето ѝ е силно нагласено со контраст од светли партии и темни сенки, така што делува монументално во сета своја тага и замисленост. Инкарнатот е моделиран само со основните тонови на светол и темнокафеав окер, без полутонови. Рацете на Богородица се сликани со светли тонови на печен и кафеав окер, со зеленикаво-маслинести сенки. Исус Христос на себе има маслинестозелен хитон и химатион тониран со печен окер и кафеава боја. Во левата рака, како што е веќе вообичаено кај ваквите претстави, држи затворен свиток, а со десната благословува. Лицето му е обработено со зеленикав тон во сенките, со осветлувања од лазурен окер и бела боја и црвенило на образите. Рацете и голите нозе се моделирани со црвеникав окер, зеленикаво-маслинести и бели тонови. Заднината на иконата е покриена со оков од сребрени плочки со флорална орнаментика и релјефни претстави на Големите празници и бисти на разни светители. Плочките се втиснати со матрица, а релјефните претстави повеќекратно се повторуваат. И ореолите на Богородица и Христос се од сребрен лим, работени во техника на исчукување. Натписите: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ, Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ и Η ΟΔΗΓΗΤΡΙΑ се изведени на оковот во правоаголни и кружни полиња. Фонот на иконата под оковот е златен, како и ореолите кои се изгравирани со орнамент од спирали и точки. На работ на иконата има црвена бордура, а на работ на ковчежецот орнамент од златни ромбови на црна лента. И натписите под оковот се црвени. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 257-260; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 80, 82-83; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 120; Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 47-48 т. IX-X; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 7, 19; Pl. VI; Радојчић С., Мајстори старог српског сликарства, Београд, 1955, 27, сл. 18; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 12-23, 29, t. I-IV; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 64-66; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 4, т. IV-VI; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, X; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XIV, сл. 4, 8-9; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LX, XCI, sl. 178; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 14, 39-40, Pl. XXIII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 61-63; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 21, sl. 14-15; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 90, sl. 41; Миљковиќ- Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 184, 195; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 6, 11a-b, 13, t. 11a-b; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 51; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 184-186, кат. 6-7;
33
34 9. Распетие Христово, втора половина на XIII век. Литиска икона (на другата страна е Богородица Одигитрија). Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд врз платно на штица, 95,5 х 65 х 2,5 см. Инв. бр. 2 Композицијата е дадена само со три личности-Исус Христос, Богородица и апостолот Јован. Во горните агли се насликани два ангели во лет кои уште повеќе ја надополнуваат симетријата. Во центарот на композицијата е големиот црн крст, на кој е распнато голото извиено тело на Христос, обвиено само со окернорозова перизома околу колковите. Главата му е наведната и потпрена на десното рамо, а темнокафеавата зачешлана коса слободно паѓа на левото. Лево од крстот е исправената фигура на Богородица со наведната глава. Со десната рака покажува кон мртвиот син, а со левата го припива на градите темносиниот, со злато украсен, мафорион. Под мафорионот има темнозелен хитон со златни ленти на ракавите и сивкаво-зелена грчка капа на главата. Обувките ѝ се црвени. Св. Јован, облечен во тиркизносин хитон и светол, сивкаво-виолетов химатион, е десно од крстот. И неговата глава е наведната но ја придржува со десната рака. Инкарнатите се дадени со окер, со кафеавомаслинести сенки. Од ангелите, кои биле насликани во горните агли на иконата, сочуван е левиот, кој на себе има зелен хитон и окерен, со злато украсен, химатион. Тлото на кое стојат фигурите е темнозелено. Карпите на кои е подигнат крстот се тонирани со окер, со бели осветлувања, а во средината има дупка во која е Адамовиот череп. Заднината на иконата е златна, а ореолите на светителите се само врежани во неа со спирали и втиснати точки. Иконата има црвена сликана рамка, а на работ од ковчежецот црна лента, со златни ромбови. Натписите: Ο ΒΑϹΙΛ[ΕΥϹ] (ΤΗ)Ϲ ΔΟΞ[ΗϹ], Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ и Η (ϹΤ)ΑΥΡΩϹΙϹ се златни и испишани на крстот, а натписите над Богородица и Јован: M(ΗΤΗ)Ρ Θ(ΕΟ)Υ и Ο Α[ΓΙΟϹ] ΙΩ(ΑΝΝΗϹ)се црвени. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Кондаковъ Н. П., Македония Археологическое путешествие, Санктпетербург, 1909, 257-260; Кашанин М., Охридске иконе, Уметност и уметници, Београд, 1943, 80, 82-83; Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 120; Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 47-48 т. IX-X; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 7, 19; Pl. VI; Радојчић С., Мајстори старог српског сликарства, Београд, 1955, 27, сл. 18; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 12-23, 29, t. I-IV; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 64-66; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 4, т. IV-VI; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, X; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XIV, сл. 4, 8-9; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LX, XCI, sl. 178; Grabar A., Les revetements en or et en argent des icones byzantines du moyen age, Venise,1975, 14, 39-40, Pl. XXIII; Радојчић С., Узори и дела старих српских уметника, Београд, 1975, 61-63; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 21, sl. 14-15; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 90, sl. 41; Миљковиќ- Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 184, 195; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 6, 11a-b, 13, t. 11a-b; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 51; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 184-186, кат. 6-7;
35
36 10. Евангелист Матеј, крај на XIII-почеток на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 105 х 56,5 х 3 см. Инв. бр. 3 Евангелистот и апостол Матеј е претставен на оваа икона во цел раст, во полупрофил, како силно зачекорува со десната нога. Облечен е во маслинесто-зеленикав хитон и химатион тониран со темен окер, со маслинестокафеави и бели набори. Клавусот преку десното рамо е обоен со темен окер и шрафиран со злато. Во левата рака држи евангелие кое го отвора со десната. Неговата корица е богато украсена со злато, црвени и сини скапоцени камења и бисери. На босите нозе има сандали. Инкарнатот е обработен со окер, со маслинестокафеави сенки и светли партии, акцентирани со бело на најистакнатите делови на лицето, рацете и нозете, а на образите има лазурно нанесено црвенило. Цртежот е изведен со одлично познавање на анатомијата на телото чии движења се чувствуваат преку драпериите. Колоритот зрачи со топлина и хармоничност кои се разбиени само со дел од зеленикавиот хитон што ја покрива десната рака и дел од градите. Пластичноста на драпериите кои ги следат облиците на телото е целосно постигната со помош на благи контрасти на светло-темното и хармонични тонски премини. Освен во сликањето на облеката, тежбата за стилизација на облиците е присутна и при изведбата на прамените на косата, брадата и мустаќите на светителот, кои се мошне грижливо обработени. Ореолот околу главата на апостолот Матеј е златен а заднината е само тонирана со блед окер и оставена незавршена, бидејќи иконата веројатно била подготвена за поставување на оков. Натписот: ΑΓ[ΙΟ]Ϲ ΜΑΤΘΑΙΟϹ е напишан со црна боја од двете страни на ореолот на светителот. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 124; Блажић З., Конзервација икона у Македонији, Зборник заштите споменика културе II, Београд, 1952, 82; Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 46-47 т. V; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 10, 19; Pl. X; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 7-12; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 7, t. 7; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 74; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 7, т. IX; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, X-XI; Миљковиќ-Пепек П., Делото на зографите Михаило и Еутихиј, Скопје, 1967, 218-220, т. CLXXXVIII; Miljković-Pepek P., L'evolution des maétres Michel Astrapas et Eutychios comme peintres d'icones, Jahrbuch der Österreichischen Byzantinischen Gesellschaft XVI, Graz-Wien-Köln, 1967, 297-303; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XV, сл. 20; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 282. Pl. 282; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 282; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, LX, XC, sl. 168-169; Babić G., Ikone, Zagreb, 1980, 21, sl. 16; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd- Zagreb-Mostar, 1983, 95, sl. 43-44; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 186; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 13, 21, t. 21; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 25, sl. 57; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 188-189, кат. 11;
37
38 11. Крштевање Христово, почеток на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 44,5 х 36 х 3 см. Инв. бр. 6 Во средината на композицијата е насликан Христос, како гол, само со розикава перизома околу колковите, стои во сино-сивкавата вода на реката Јордан. Лево од него, на брегот е Јован Крстител, претставен во профил, со подигната глава и поглед, во мигот кога со десната рака ја допира Христовата глава. Облечен е во виолетова облека од крзно и маслинеста наметка. На другиот брег, десно од Христос е група од четири ангели, “хорови небесни”. Левиот ангел во првиот ред има зелен хитон и виолетов химатион, а десниот е облечен во црвен хитон и зеленикаво-маслинест химатион. Хитонот на левиот ангел во вториот ред е црвен а химатионот зелен додека на четвртиот ангел му се гледа само маслинестиот химатион. Крилјата им се кафеави и сликани со злато, а долните пердуви се розови и зелени. Инкарнатот на светителите е изведен со окер, со маслинести и сиви сенки а истакнатите делови на лицата се потенцирани со светли партии. На образите има лазурно нанесено црвенило. Долу лево, во самиот агол, е персонификацијата на Јордан во вид на старец со сиви крилја и црвена драперија околу половината и урна врз која ја потпира десната рака. На десната страна како пандан, е насликан змеј како персонификација на морето. Зад фигурите, во втор план се симетрично поставени планини, насликани со сивкави и маслинести тонови, акцентирани со бело. Под фигурата на св. Јован има разлистена грмушка во чии корења има секира, симболот на Крстителот и симбол на мачеништвото Христово. Од сегментот на небото над Христовата глава излегуваат сини и зелени зраци од кои еден паѓа врз него. Заднината на иконата и ореолите на светителите се златни а натписите : Η ΒΑΠ(ΤΗ)ϹΙϹ, Ο Α[ΓΙΟϹ] ΙΩ(ΑΝΝΗϹ) Ο (ΠΡΟΔΡΟΜ)ΟϹ и Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ се испишани со цинобер. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 122-125; Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 28-32 т. I-IV; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 12-13, 19-20; Pl. XI-XII; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 39-41; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 8-10, t. 8-10; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 70-73; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 9-12, т. XI-XV; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XII; Миљковиќ-Пепек П., Делото на зографите Михаило и Еутихиј, Скопје, 1967, 218-220, т. CXC- CXCIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XV-XVI, сл. 11, 13-14, 16-17; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 284-286. Pl. 284; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 284-286; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd- Sofija, 1972, LXIII, XCI-XCII, sl. 180-183; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 95, sl. 42, 45-46; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 188; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 55; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 189-191, сл. 12-14;
39
40 12. Слегување во Ад, почеток на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 44 х 36,5 х 3,5 см. Инв. бр. 5 Централна фигура во композицијата е Исус Христос, насликан во сино-зелена мандорла украсена со злато, а под него се насликани вкрстените врати на пеколот. Претставен е во живо движење, облечен во хитон и химатион обоени со светол окер, со бели осветлувања и сиви сенки. Во левата рака држи свиток, а десната му ја подава на Адам кој стои во виолетов ковчег, облечен во маслинеста облека со сиви сенки и бели осветлувања. Зад Адам стои Ева, која на себе има цинобер мафорион, со рацете испружени кон Христос. Над неа е претставена група од повеќе ликови, од кои оној десно држи во рацете голем овчарски стап. Десно од централната фигура на Христос, се наоѓа група од четири личности. Во првиот ред се: Давид со царска круна, облечен во туника обоена во цинобер и темнозелена наметка, претставен како старец и Соломон, младич со круна на главата, во темнозелена туника и пурпурновиолетова наметка. Круните на двајцата пророци се насликани со окер и црвено и украсени со злато. Зад нив е св. Јован Крстител, облечен во светловиолетова облека и со маслинеста наметка, со долга коса и брада, во разговор со четвртата личност која е скоро идентично облечена. Инкарнатот е моделиран со окер, со светли партии на истакнатите делови на лицата и маслинести сенки, а на образите е нанесено црвенило. Зад сцената, во втор план, е насликан пејзаж од симетрично поставени високи маслинестосиви карпи. Над Христовата мандорла, во просторот помеѓу карпите, во допојасна претстава е насликана група ангели, изведени монохромно, со зеленикаво-сива боја. Фонот и ореолите на светителите се златни, а во горниот дел има остатоци од натписот Η [ΑΝΑϹΤΑ]ϹΙϹ, изведен со црвена боја. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 122-125; Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 28-32 т. I-IV; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 12-13, 19-20; Pl. XI-XII; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 39-41; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 8-10, t. 8-10; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 70-73; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 9-12, т. XI-XV; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XII; Миљковиќ-Пепек П., Делото на зографите Михаило и Еутихиј, Скопје, 1967, 218-220, т. CXC- CXCIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XV-XVI, сл. 11, 13-14, 16-17; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 284-286. Pl. 284; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 284-286; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd- Sofija, 1972, LXIII, XCI-XCII, sl. 180-183; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 95, sl. 42, 45-46; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 188; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 55; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 189-191, сл. 12-14;
41
42 13. Томино неверство, почеток на XIV век. Од црквата Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 44 х 36 х 3,5 см. Инв. бр. 7 Помеѓу две, речиси симетрично распоредени групи од по шест апостоли, во прв план на композицијата е претставен Христос, облечен во црвен хитон и темносин химатион. Неговата фигура е во лесен став на контрапост. Подигнатата десна рака и половина од торзото му се разголени. На чело на левата група апостоли е Тома, во сивкаво-син хитон и темномаслинест химатион, како со показалецот на десната рака покажува на раната на разголените гради на својот учител. Петте апостоли зад Тома го следат неговиот гест, зачудено дискутирајќи помеѓу себе. Прв од десната група е апостолот Петар, претставен како и Христос во благ контрапост. Главата му е завртена накај апостолите кои стојат зад него, а со рацете гестикулира кон Христос. Носи сивкаво-син хитон и окерен химатион. Апостолот што е веднаш до него е облечен во розов хитон и маслинестокафеав химатион. И на лицата на овие апостоли има доза на зачуденост од настанот што се одвива пред нивните очи. Моделацијата на лицата на фигурите е изведена со окер, со сивомаслинести сенки и светли акценти. Во вториот план е насликана фасада од некаква архитектонска градба со двокрилна врата во средината, со по четири полиња на секое крило, тонирана со печен окер и богато шрафирана со злато. На страните има по една арка и столб со капител со волути. На горниот дел има фриз од стилизирано акантово лисје, а конхата над вратата е поделена на 11 сегменти, сликани со кобалтносина боја, окер и златна бордура на краевите. Како завршеток е поставена цинобер драперија, орнаментирана со црно. Ореолот на Христос е златен, како и фонот, додека апостолите се претставени без ореоли. Од црвениот натпис во горниот дел на иконата видливи се само неколку букви кои тешко се распознаваат. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Токио, 1967; Париз, 1971; Сараево, 1971; Ватикан, 1986; Загреб, 1987; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 122-125; Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 28-32 т. I-IV; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 12-13, 19-20; Pl. XI-XII; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 39-41; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 8-10, t. 8-10; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 70-73; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 9-12, т. XI-XV; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XII; Миљковиќ-Пепек П., Делото на зографите Михаило и Еутихиј, Скопје, 1967, 218-220, т. CXC- CXCIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XV-XVI, сл. 11, 13-14, 16-17; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 284-286. Pl. 284; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 284-286; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd- Sofija, 1972, LXIII, XCI-XCII, sl. 180-183; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 95, sl. 42, 45-46; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 188; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 55; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 189-191, сл. 12-14;
43
44 14. Подготвување на крстот, почеток на XIV век. Од црквата Св. Богородица Болничка во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 44 х 36 х 2,5 см. Инв. бр. 8 Големото оштетување по средината на иконата не дозволува поцелосно да се согледаат сите детали околу подготвувањето на крстот на кој ќе биде распнат Спасителот, ниту попрецизно да се идентификуваат и опишат насликаните ликови. Сепак, и од сочуваниот иконопис може да се согледа дека при нејзиното сликање се внесени извесни новини во однос на сличните остварувања. Насликаната фигурална композиција го исполнува само првиот план, додека втор план и не постои. Нема зад фигурите ни пејзаж ниту сликана архитектура, туку само златна, неутрална заднина. Во центарот на композицијата е големиот црн крст кој оди сé до горната рамка на иконата. На горниот дел од крстот се видливи остатоци од облеката на уништената фигура на војник, кој го прицврстува крстот, застанат на последната пречка од скалата што е потпрена на него. Лево од крстот е претставен Христос со врзани раце, во црвена хламида која му ја облекле Евреите. Десно од него е насликан војник кој му дава оцет измешан со жолчка. Лево од крстот, зад фигурата на Христос, е претставена група луѓе, Евреи кои го следат од кај Пилат сé до Голгота. Облечени се во разнобојни облеки - темносиви, црвени, темновиолетови. Особено внимание е посветено на моделирањето на ликовите што не може да се каже и за обработката на рацете и стапалата. Инкарнатот е изведен со окерни тонови со сивомаслинести сенки и светли партии на истакнатите делови на лицата и телата. Горе, лево и десно од крстот со црвена боја е испишан натписот: ΕΛΚΟΜ(ΗΝ)ΟϹ [ΕΠΙ] (ϹΤ)[ΑΥ]Ρ[Ο]Υ, додека над Христовата глава стои Ι(ΕϹΟΥ)Ϲ Χ(ΡΙϹΤΟ)Ϲ. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 122-125; Миљковиќ-Пепек П., Авторите на неколку охридски икони од XIII и XIV век, Евтихие или Михајло?, Гласник на музејско-конзерв. Друштво на Н. Р. Македонија, кн. 1, Скопје, 1954, 28-32 т. I-IV; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 12-13, 19-20; Pl. XI-XII; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 39-41; Balabanov K., Macedonian icons from Yugoslavia, Tokyo, 1967, 8-10, t. 8-10; Мацан Ј., Охридските икони, Културно наследство V, Скопје, 1959, 70-73; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 9-12, т. XI-XV; Радојчић С., Иконе Србије и Македоније, Београд, 1962, XII; Миљковиќ-Пепек П., Делото на зографите Михаило и Еутихиј, Скопје, 1967, 218-220, т. CXC- CXCIII; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XV-XVI, сл. 11, 13-14, 16-17; Radojčić S., La Yougoslavie byzantine, L'art en Yougoslavie de la préhistoire a nos jours, Paris, 1971, 284-286. Pl. 284; Umjetnost na tlu Jugoslavije od praistorije do danas, Sarajevo, 1971, 284-286; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd- Sofija, 1972, LXIII, XCI-XCII, sl. 180-183; Balabanov K., Freske i ikone u Makedoniji (IV-XV vek), Beograd-Zagreb-Mostar, 1983, 95, sl. 42, 45-46; Миљковиќ-Пепек П., Антологија на македонската колекција на икони, Уметничкото богатство на Македонија, Скопје, 1984, 188; Balabanov K., Ikone iz Makedonije, Zagreb, 1987, 55; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 189-191, сл. 12-14;
45
46 15. Успение на Богородица, почеток на XIV век. Од црквата Св. Никола Геракомија во Охрид. Темпера, гипсен грунд на штица, 43 х 44,5 х 3 см. Инв. бр. 9 Во долната половина на иконата, во средината, е поставен одарот преку кој е префрлена сива и цинобер драперија со нашиени маслинестозелени украсни ленти, прошарани со злато. На него лежи мртвото тело на Богородица, во темнозелен хитон и пурпурен мафорион. Зад одарот, нешто издигнат во однос на другите фигури, стои Христос, облечен во окерен хитон и маслинест химатион, шрафиран со злато. Тој во рацете ја држи душата на својата мајка во вид на мало дете. Околу одарот се распоредени фигурите на апостоли, архиереи и ангели. Апостолите и ангелите се облечени во пурпурни, зелени, цинобер и маслинестосиви одежди, шрафирани со злато, додека облеката на архиереите е бледорозова или бледозелена, со бели омофори на кои има насликано големи крстови. Зад одарот и фигурите, вториот план на иконата е исполнет со насликана архитектура во маслинестосиви тонови со зеленикаво-црни покриви. Пред одарот има постамент, тониран со окер, на кој стои сад со жар. Инкарнатот е изведен со темен окер, со сивомаслинести сенки и светли акценти на истакнатите делови на лицата. Фонот на иконата е златен како и ореолите на насликаните светители, но златото од нив отпаднало, а и натписот, кој бил испишан во горниот дел, е целосно избришан. Иконата е доста оштетена во средината, во вид на голема пукнатина по целата нејзина широчина. И з л о ж б и: Охрид, 1961; Париз, 1965; Ватикан 1986; Постојано изложена во Галеријата на икони во Охрид. Б и б л и о г р а ф и ј а: Љубинковиќ Р.-Ќоровиќ-Љубинковиќ М., Средновековното сликарство во Охрид, Зборника на трудови на Народниот музеј во Охрид, 1951, 122; Balabanov K., Icônes de Macédoine du XIe au XVIIe siècle, Collections Yougoslaves, Paris, 1965, 14, 20; Pl. XIII; Blažić Z., Konzervacija ohridskih ikona i nove konstatacije, Zavod za zaštitu spomenika kulture, Skoplje, 1957, 40-42; Миљковиќ-Пепек П., Икона Успења Богородице из цркве Св. Николе-Геракомија у Охриду, Зборник радова Византолошког института САН 5, Београд, 1958, 131-135; Ђурић Ј. В., Иконе из Југославиле, Београд, 1961, 13, т. XVI; Балабанов К., Икони од Македонија, Београд-Скопје, 1969, XVI, сл. 22; Weitzman K, Chatzidakis M., Miatev K., Radojčić S., Ikone sa Balkana, Beograd-Sofija, 1972, XCII, sl. 184; Balabanov K., Icone dalla Macedonia (XI-XVII secolo), Musei Vaticani, Citta del Vaticano, 1986, 19; Балабанов К., Иконите во Македонија. Скопје, 1995, 195, кат. 21а;
Search
Read the Text Version
- 1
- 2
- 3
- 4
- 5
- 6
- 7
- 8
- 9
- 10
- 11
- 12
- 13
- 14
- 15
- 16
- 17
- 18
- 19
- 20
- 21
- 22
- 23
- 24
- 25
- 26
- 27
- 28
- 29
- 30
- 31
- 32
- 33
- 34
- 35
- 36
- 37
- 38
- 39
- 40
- 41
- 42
- 43
- 44
- 45
- 46
- 47
- 48
- 49
- 50
- 51
- 52
- 53
- 54
- 55
- 56
- 57
- 58
- 59
- 60
- 61
- 62
- 63
- 64
- 65
- 66
- 67
- 68
- 69
- 70
- 71
- 72
- 73
- 74
- 75
- 76
- 77
- 78
- 79
- 80
- 81
- 82
- 83
- 84
- 85
- 86
- 87
- 88
- 89
- 90
- 91
- 92
- 93
- 94
- 95
- 96
- 97
- 98
- 99
- 100
- 101
- 102
- 103
- 104
- 105
- 106
- 107
- 108
- 109
- 110
- 111
- 112
- 113
- 114
- 115
- 116
- 117